ZLATIBOR

Цена: 4900,00 ден.

 

По повод 23 - ти Октомври

ВРЊАЧКА БАЊА ЗЛАТИБОР - МОКРА ГОРА

 

20.10.2017. Поаѓање во 22:00 ч. за Србија преку Табановце, ноќно возење со попатни паузи.

21.10.2017 Пристигнување во Златибор - најубавиот летно - зимски центар во Србија, сместување во хотел Брача Секулич или вила Касерич. Попладнето факултативно излет до Сирогојно – село познато по музејот на отворено “Старо село”, каде се собрани дрвени куќарки од околината на Златибор и црквата Брвнара посветена на св. Петар и Павле. Враќање во Златибор, слободно време за прошетка и разонода во Златибор. Вечера. Ноќевање.
22.10.2017 Појадок. Целодневен излет до Мокра Гора и Вишеград, каде имаме возење со Шарганска осмица - тоа е музејско - туристичка железница со тесен колосек од 760 мм, која е направена од Австро - Унгарија од 1902 - 1906 год. па доизградена 1925 год. и така функционира до 1974 год. на релација Белград – Сараево - Дубровник, кога е укината, но повторно е воведена 2003 г. но само на релација Мокра Гора - Шарган Витаси од 15 км. Тоа е една од најубавите траси во светот, низ карпести теснеци, каде пругата прави форма на 8 - ка, поминува низ 22 тунели и 10 мостови и вијадукти. Потоа ќе се посети филмското село на Емир Костурица - Дрвенград - изграден за филмот “Животот е чудо”. Продолжување за Босна преку Вишеград, каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед П. Соколовиќ како и второто дело на Емир Костурица “Андриќев град”. Враќање во Златибор. Вечера. Ноќевање.                                                           

23.10.2017 Појадок. Поаѓање за Врњачка Бања - посета и прошетка во најпопуларната Бања во Србија. Продолжување за Македонија и пристигнување во ноќните часови.

ЦЕНА: 4900 ден

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Брача Секулич www.bracasekulic.co.rs или вила Касерич www.kucaodmorakaseric.com  во Златибор – 2 полупансиони (појадокот и вечерата ќе бидат во хотел Брача Секулич)
- придружник на екскурзијата 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- превоз и влез во музејот Сирогојно (5 еур)
- целодневен излет до Мокра Гора и Вишеград (превоз, влез во Дрвенград возење со воз Шарганска осмица, како и посета на Вишеград со “Андриќев град” – 15 еур
- патничко здравствено осигурување - без франшиза - 150 ден.

Збогатете ги вашите доживувања со едно неаборавно патување.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс