ИНФО КОРОНА (COVID – 19)

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

СООПШТЕНИЕ за издавање на ВАУЧЕРИ

 

Почитувани граѓани, клиенти, патници и колеги,

Имајќи ја предвид моменталната состојба, неизвесноста  во која се наоѓаме, поради прогласената пандемија од Корона вирусот на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, Ви се обрќаме со цел да ви ги проследиме потребните информации околу веќе резервираните аранжмани.

 Почитувани патници, со оглед на препораките од СЗО а поддржани од Владите ширум светот – да не се патува, како една од главните причини за експанзија на вирусот, Ве известуваме од нашата агенција, дека сите туристички аранжмани за лето 2020 се откажани се додека не се створат услови за повторно патување.

Со цел да се заштитат патниците – корисници на услуги и вработените во Туристичко-угостителската дејност и превозот на патници, а во ситуација на неможноста да се реализираат аранжманите и услугите, на 24.03.2020 год Владата на РС Македонија донесе УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ТУРИСТИЧКА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, објавена во службен весник бр. 80 од 27.03.2020 уредба (која е објавен на нашата веб страна). Врз основа на оваа Уредба и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение е следното образложение:

Туристичките агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на Вонредната состојба, се должни да издадат нов вредносен ВАУЧЕР на корисникот на откажаниот туристички аранжман. Уредбата важи за сите откажани аранжмани за лето 2020, од прогласување на Вонредната состојба.

– Ваучерите ќе се издаваат во 3 примероци со рок на важење до 31.12.2021, (Агенцијата е должна еден примерок од ваучерот, да достави до Министерството за економија заради евиденција).

– Начинот на користење на Ваучерот ќе се реализира во согласност со двете страни, односно Туристичката агенција и корисникот на ваучерот, кои ќе се договорат за: дестинација, термин на поаѓање, времетраење на аранжманот… Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ од уплатата на аранжманот, кој е откажан поради вонредната состојба и да користи за ист или сличен аранжман за кој претходно имал уплатено, во договор со агенцијата.

– Ваучерите се издаваат од страна на Агенцијата со лиценца А – носител на аранжманот, и ќе се подигнуваат лично во туристичката агенција каде имале извршено уплата – резервација или на барање на патникот истиот ваучер може да биде испратен по електронски пат, односно по е – маил.

– Користењето на ваучерите мора да биде преку истата агенција од која го добиле. Ваучерите ќе гласат на истиот патник кој имал договор за патување за откажаниот аранжман, но користењето на ваучерот можи да биди и од друго лице, т. e. ваучерите се преносливи на друго лице во согласност на патникот со агенцијата.

– Вредноста на ваучерот ќе биде на уплатениот износ од страна на клиентот кај субагентот. Доколку субагентот го нема подмирено задолжувањето за соодветниот аранжман,  ваучерот нема да биде издаден. За да биде издаден ваучер, субагентот е  должен во најкраток можен рок да изврши уплата на износот кој клиентот го има уплатено кај субагентот.

– Агенциите кои ќе издаваат Ваучери истите ќе мора да ги реализираат, односно не смеат агенциите да прогласат престанок на вршење на дејноста без да се обештетат граѓаните.

Образложение: Никој повеќе од нас не сака да се остварат патувањата, летувања, кои се основа на нашиот бизнис. Загубите кои ги броиме се огромни за нас, но ова е време кога здравјето на сите Вас и Нас е поважно од се. Затоа ги следиме препораките на Светската здравствена организација и Владата на нашата држава. Со оваа мерка се очекува како агенциите така и патниците кои поради настанатата ситуација со кризата од Корона вирусот, не можеле да ги реализираат своите аранжмани, уплатените средства да не ги изгубат, туку нивниот износ да го искористат за друг аранжман во период по завршување на вонредната состојба, заклучно 31.12.2021. Поради фактот што работењето на субјектите во Туризмот опфаќа услуги и патувања на туристи во земјава и во странство, а при тоа во реализацијата на услугите се вклучени два или повеќе даватели на услуги од различни земји каде мерките кои ги превземаат владите и надлежните институции се разликуваат и не се идентични од една до друга земја, дополнително се усложнува состојбата со реализацијата на услугите, како и статусот на Договорите за патување и услуги кои патниците ги имаат склучено со туристичките агенции, хотелиери, превозници и други даватели на услуги.

ЗАБЕЛЕШКА: По завршување на вонредната состојба и нормализирање на условите за патување од земјата и условите за влез и престој во дестинациите на патување, Бран Турс под нови услови ќе ја објави новата понуда за аранжмани – Лето 2020 година. По објавувањето на новата понуда ќе може да се прават нови резервации за кои ќе се искористат вредносните ваучери.

Се надеваме на разбирање и заедничко решавање на настанатата состојба.

 

23.04.2020
Т. А. БРАН ТУРС – ПРИЛЕП

Останати Понуди