МАВРОВО И МИЈАЧИЈАТА-16.06.24

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА
МАВРОВО И МИЈАЧИЈАТА
Водопад ДУФ-с.ГАРИ-Ман.РАЈЧИЦА-ЛАЗАРОПОЛЕ
16.06.2024

16.06.24 Поаѓање  во 07.00 часот преку М. Брод – Кичево за Националниот парк – Маврово, пауза за појадок на превојот Стража, во ресторанот-”Мекиците од Стража”. Продолжување покрај Мавровското езеро, по течението на реката Радикаи,живописниот кањон низ планините Бистра , Кораб и Дешат.Посета  на една природна реткост во Националниот парк Маврово-на водопадот ДУВ ,кој се наоѓа во подножјето на планината Дешат. Се продолжува  покрај реката Радика, до прекрасниот манастир во село Рајчица.Тој е женски манастир со црква посветена на св. Ѓорѓи Победоносец. Потоа,кај Бошков мост,се свртува за познатото Мијачко село Гари-кое се наоѓа во подножјето на планината Стогово, од каде потекнуваат најпознатите резбарски мајстори. Првата дестинација кон Гари и кон Лазарополе е мостот  Еленски скок, изграден во текот на турското владеење-18-ти век, од Хајрудин архитектот(кој го конструирал Стариот мост во Мостар).Жителите имаат повеќе интересни приказни за мостот. Едната вели дека е изградена по наредба на турски бег, кој за време на лов ранил елен, кој бегајќи од своите гонители, иако бил ранет, успеал да ја прескокне Гарска Река, а потоа умрел. Бегот решил на тоа место да се изгради мост, кој ќе претставува симбол на храброста, честа, силата и борбата за живот.Во селото Гари се наоѓа црквата „Св.Богородица“,од 1860 год.Над олтарот има сонце со 16 краци. Тоа им е симбол на Мијачкиот крај ,што значи дека во времето Мијаците, покрај својот Мијачки јазик, користеле Мијачко знаме со сонце со 16 краци. Црквата се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од Гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од Гарци.Слободно време за ручек и прошетки во убавата природа,покрај Гарска река.Потоа, во срцето на Бистра, низ тесен пат се оди до едно од најголемите Мијачки села-Лазарополе, опкружено со букова и дабова шума,питоми пасишта, тоа било село на сточари и печалбари, но денес е само туристичка населба.Тука е изградена најстарата црква во Малореканскиот крај во 1832г.,а ентериерот во црквата го изработил познатиот мајстор Дичо Зограф од с.Тресонче. Потоа заминување за Прилеп преку Маврови Анови, со попатна пауза на превојот Стража во ресторанот-”Мекиците од Стража”. Пристигнување во Прилеп во вечерните часови

ЦЕНА : 650 ден

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Водство и организација на екскурзијата

Поминете уште едно незаборавно доживување со Бран – Прилеп.

Останати Понуди