Маврово-Ман. Св. Јован Бигорски-Манастир Рајчица-Охрид 21.04.24

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА
Маврово-Ман. Св. Јован БигорскиМанастир Рајчица-Охрид
21.04.2024

 

Поаѓање во 07.00 од пред агенција Бран, се патува преку Мак.Брод, Кичево, со попатна пауза за појадок на превојот Стража, во сопствена режија во познатиот ресторан “Мекиците од Стража”. Се продолжува за Националниот Парк Маврово, се поминува покрај Мавровското езеро, со прекрасна панорама, па по течението на Смарагдната река Радика, живописниот кањон низ планините Бистра и Кораб, се посетува Манастирот Св.Јован Бигорски. Манастирот е изграден 1020 год., изграден на карпа од бигор,посветен на св.Јован Крстител.Потоа посета на прекрасниот манастир во село Рајчица – женски манастир со црква посветена на св. Ѓорѓи Победоносец. Потоа преку Дебар, долж Македонско- Албанската граница, покрај Дебарското езеро,ХЕЦ Шпиље. Пристигнување во Струга и слободно време за прошетка низ Струга по кејот на реката Црни Дрим и брегот на Охридското езеро. Потоа се продолжува за Охрид,каде има можност за посета на знаменитостите на Охрид :Аjа Софија, Самоилова тврдина, Плаошник…и слободното време за уживање по кејот на Охридското езеро и старата Охридска чаршија.Доцна попладнето поаѓање за  Прилеп и пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА : 650 ден.

 

Цената вклучува:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • придружник и организација на екскурзијата

 

Поминете уште едно незаборавно доживување со Бран – Прилеп.       

Останати Понуди