МЕТЕОРА и ТРИКАЛА
Божиќен Забавен парк
08.12.2023
Поаѓање во 5 часот од пред агенција Бран, преку граничниот премин Меџитлија – Ники, преку Птолемаида – Гревена со попатни паузи. Пристигнување на Метеорите, област Тесалија, која ја красат гигантски карпи, на кои се изградени средновековни Манастири со висина од 100 – 150 м. Некогаш Биле 24, но денес се активни само 5-6. Ќе се посети најголемиот манастир Голема Метеора и еден од најубавите манастири – Варлаам. Потоа се оди за Трикала каде секоја година се одржува манифестација по повод Божиќните празници, каде има Волшебен Божиќен Забавен парк за деца но и за возрасни. Таму ќе се видат: Куќата на Дедо Мраз, Куќата на џуџињата, на самовилите, фабрика за чоколади, слаткарница, пошта, музеј и пазар на печурки, бунар на желби, лизгалиште….Попладнето околу 18.00 часот заминување за Македонија и пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА 1200 ДЕНАРИ
Деца со родители до 12 години – 900 денари
Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на дадената релација
– лиценциран придружник на екскурзијата
Во цената не е вклучено:
– задолжително патничко здравствено осигурување = 60 ден.до 65 години, 120 денари од 65-70 години, и 300 ден.над 70 годишна возраст.
– Влезници за манастирите се плаќа на лице место.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран и СКТМ.
Т. А. Бран – Прилеп