Ниш-Ман. Ѓунис-Свети Роман 02.06.24

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ниш
Манастир Ѓунис и Свети Роман
02.06.2024

Поаѓање од Прилеп во 05.00 ч пред Бран турс со автобус преку г. п. Табановце до манастирот Св. Роман – храм посветен на Благовештение на Пресвета Богородица. Прв пат овој манастир се споменува во 1020 год. Во него монахот Роман – ученик на Свети Климент Охридски го поминал својот живот исполнет со подвизи и чуда, за на крај да биде прогласен за светител после неговата смрт. Гробницата на св. Роман со неговите мошти се наоѓа во јужниот дел на црквата.Многубројни се примерите каде се услишени молитвите пред светите мошти.Свети Николај Велимирович  го нарекува Роман Моравски и за него има напишано: со неговите молитви слепите гледаат, глувите слушаат, сакатите проодуваат, обземените со лошите демони се прочистуваат…. Манастирот Ѓунис со црквата Покров на Пресвета Богородица е женски манастир кој се наоѓа во истоименото село Ѓунис. Ова свето место е откриено на 24 Јули 1898 г. кога Пресвета Богородица се јавила на 13 годишната Милојка Јоциќ, фрлајќи стомна со вода на камен, благословувајќи го изворот од кој потекла вода и за кој прорекла дека ќе исцелува болни и го посочила местото каде треба да се изгради црква. Каменот денес се наоѓа во малата црква подигната 1934 г. по благослов на Светиот владика Николај. Разглед на Манастирот а потоа заминување за Ниш и негова посета, каде можат да се видат: Нишката тврдина од 17-ти век, Казанџиското сокаче – стариот дел на градот со чаршијата од 18-ти век, споменикот на ослободителите на Ниш и слободно време во центарот на градот за посета на Трговски шопинг центар. Поаѓање за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

      

 ЦЕНА: 1400 денари

 

Во цената се пресметани следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • осигурување – без франшиза = 60 денари до 64 г., 120 денари од 65-69 г., 300ден 70-80 год.

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавено патување.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А Бран
Патувањето може да биди со важечка стара или нова лична карта или со важечки нов пасош.

Т. А. БРАН – ПРИЛЕП

Останати Понуди