ХОТЕЛ ДРИМ  4* – СТРУГА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ХОТЕЛ ДРИМ  4* – СТРУГА – ЛЕТО 2023

Сместен на самиот брег од Охридското езеро и реката Црни Дрим, во срцето на градот Струга, Хотел Дрим располага со 196 стилски уредени соби и 4 апартмани. Собите се дизајнирани согласно Вашите потреби и преференци и може да одберете помеѓу двокреветни, трокреветни супериор соби, или пак еден од нашите пространи апартмани. Распоредот, големината и местоположбата на хотелот овозможува локации за секој тип на гости и во секоја сезона. Аперитив барот е централниот бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Освен што опслужува пијалоци и храна во самото лоби на хотелот, располага и со тераса со капацитет од 90 седишта, со исклучителен поглед на Охридското Езеро. Плажа барот е поставен на самата плажа пред хотелот. Нуди избор на најмодерни коктели, смути и освежителни пијалоци. Одличен избор за топлите летни денови. Камелија барот е поставен веднаш до отворениот базен и е направен за да може да ги опслужи и гостите кои се на отворениот базен и оние кои се наоѓаат на плажа. Со одличната храна како и преубавиот амбиент, плажата на хотелот е една од најпосетените во градот. Главен ресторан со капацитет од 500 седишта во софистициран банкет стил, главнот ресторан нуди интернационална храна и тематски вечери за гостите од хотелот сервирани во бифе стил. Национален ресторан,  во градината на хотелот се наоѓа националниот ресторан Струшки Кепенци кој е а ла карт ресторан. Кујната на ресторанот изобилува со модерни специјалитети приготвени со локални продукти, кои ќе ви овозможат да ја почувствувате уникатноста на македонската традиција.  Со капацитет од 100 седишта во кепенците, но и до 500 седишта во останатиот дел од градината, ресторанот нуди релаксирачка, интимна атмосфера за топлите летни ноќи.

  Двокреветна супериор соба
појадок 2170 ден
појадок и вечера 2790 ден
појадок,ручек и вечера 3100

 

  • Цените се изразени по лице од ноќ
  • Деца до 6 години – бесплатно.
  • За деца од 6 до 12 години – 50 %.
  • Трето лице во соба – 30%
  • Еднокреветна Соба + 40%.

Т.А. БРАН ТУРС

Останати Понуди