ХОТЕЛ КЛИМЕТИЦА 3*– ОХРИД

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ХОТЕЛ КЛИМЕТИЦА 3*– ОХРИД – ЛЕТО 2023


Хотел Климетица Ви нуди незаборавни мигови поминати во природен амбиент. Сместен во густа борова шума, во непосредна близина на Охридското Езеро, на само 4км. оддалеченост од градот Охрид во туристичката населба Св. Стефан, Климетица е идеално место за одмор и релаксација. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа и пештерската црква Св. Стефан која е раритетен споменик на културата. Атмосферата која ќе ја затекнете, надвор од градската бучава, микс на чист планински воздух и езерска убавина ќе направи да се почувствувате свежи и исполнети со енергија. Внимателно избраните детали и боја на ентериерот на хотелот, даваат впечаток на префинетост. Овде љубезниот персонал ви го нуди вистинското чувство на добредојде. Хотелот располага со 41 луксузно опремени соби (двокреветни и трокреветни) и 4 апатрмани. Секоја соба е опремена со: кабелска ТВ, мини бар, директна телефонска линија, 24 часа бесплатна интернет конекција (wireless покриеност), клима уред. Располагаме со пространо лоби опремено со бар, телевизија, и WIFI конекција. Лобито Ви овозможува уживање во прекрасен поглед кон Охридското Езеро. 

 

BB HB
Мај/Јуни 1350 ден

1650 ден.

Јули/Август

1450ден 1800ден
Септ./Октомври 1350ден

1650ден

 

  • Дете до 5.99 години – гратис
  • Дете од 6-12 години – 50% попуст од редовната цена
  • За еднокреветна соба + 30% од редовната цена

Т.А. БРАН ТУРС

Останати Понуди