ШПАНИЈА- ЛЕТО 2024

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ШПАНИЈА- ЛЕТО 2024

Рим-Барселона-Валенсија-Мадрид-Толедо-Сарагоса-Андора-Кан-Ница-Монако

19.06.24 Поаќање во 15.00 часот,патот води преку гр.премин Меџитлија за Игуменица. Пристигнување во Игуменица во вечерните часови,и во 23.30 час. поаќање со брод за Бари.

20.06.Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување за Рим, пристигнување во попладневните часови и разгледување на градот со локален водич со слушалки: Римскиот Форум, Колосеумот, Форумот на Цар Трајан, Капитол, плоштадите Венеција и Еспанија, Шпанските скали, Фонтаната Ди Треви… Слободно време во центарот на Рим. Вечерта во 21.00час. Поаѓање со брод од пристаништето Чивитавекија со брод за Барселона, ноќно пловење.

21.06.24 Денско пловење и пристигнување во Барселона во вечерните часови +-20.00ч. Продолжување со автобусот за Лорет Де Мар,сместување во хотел.Вечера??? Ноќевање.

22.06.24 Појадок. Ден за индивидуални активности, капењеВечера. Ноќевање.             

23.06.24 Појадок. Слободно предпладне за капење. Факултативен излет до Барселона. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Каталонија и Шпанија, Катедралата Саграда фамилија, Шпанското село, стадионот ”Камп Ноу”, ридот Монт Жуик, паркот Гауди, авенијата Ла Рамбла…Враќање вo хотел. Вечера. Ноќевање.                     

24.06.24Појадок. Слободно време за капење. Вечера. Ноќевање.

25.06.24 Појадок. Ден за индивидуални активности, капење... Вечера. Ноќевање. 

26.06.24 Појадок. Слободно време до 12.00 за капење.Ноќевање.

27.06.24 Појадок. Поаѓање за Валенсија, разглед на знаменитостите на градот: Продолжување за Мадрид. Сместување во хотел. Ноќевање.

28.06.24 Појадок.Разгледување на Мадрид со локален водич: Еспањол театарот,споменикот на Сервантес, плоштадите Цибалија, Мајор и Санта Ана, кралската палата и Санта Круз, можност за посета на музејот Прадо со делата на Гоја, Веласкез, Ел Грека,стадионот Бернабе на Реал Мадрид. Факултативно, посета на Толедо-некогашната престолнина на Шпанија, па затоа е наречен Царски или Империјален град. Познат е и како град на 3 култури, во него живееле Православни, Муслимани и Евреи, па во него ќе се видат и цркви и џамии и синагоги. Толедо е романтичен мал град со тесни и стрмни улички, со средновековни градби и прекрасни видиковци.Градот е под заштита на УНЕСКО. Атракции на градот се: Плоштадот Зокодовер, Тврдината Алказар, Средновековните порти Бисагра и Сол, Толедската Катедрала, а може да се купат сувенири, статуи и оклопи од Сервантес и Дон Кихот. Враќање в хотел. Ноќевање.

29.06.24 Појадок. По појадокот поаѓање за Сарагоса-град на реката Ебро- каде ќе се видат: Базиликата Nuestra Señora del Pilar, Катедралата La Seo, Маварскиот дворец Aljafería од 11-ти век, Градското собрание… Потоа се  продолжува за Андора-една од најмалите држави во Европа, која годишно ја посетуваат 10милиони жители. Планинска земја со најдобри ски центри, мали сликовити села, каде можи да се купат евтини пијалоци, цигари, масло, електрични апарати…Вечерта поаѓање за Кан, Ница, ноќно возење со попатни одмори.

30.06.24 Во утринските часови пристигнување во Кан-градот на филмскиот фестивал-кратка посета. Се продолжува за Ница, сместување во хотел. Слободно време за капење. Ноќевање.                                                                                                 

01.07.24 Појадок.Слободно предпладне за прошетка по Англиското шеталиште во Ница и капење. Околу 12.00ч.поаѓање за Македонија со кратка попатна посета на Монако при што може да се видат:Кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини, патеката на Ф1. Вечерта кратка посета на коцкарниците во Монте Карло. Потоа се патува преку Италиjа, Словенија, Хрватска и Србија, ноќно возење со попатни паузи.

02.07.2024г.Пристигнување во  Македонија во попладневните часови.

ЦЕНА: 790 еур(49000 д.)за рез.до 23.02.2024.
Редовна цена 950еур=59000д.

Во цената е пресметано:

  • превоз со туристички авотбуси на дадената релација
  • превоз сo брод Игуменица – Бари на ДЕК
  •  превоз сo брод Чивитавекија-Барселона на ДЕК
  • сместување:
    -6 полупансиони во хотел со 4* www.xaine.com-Лорет де Мар,
    -2 Н/П во хотел B&B Madrid Aeropuerto T4 4* – Мадрид,
    -1 Н/П во хотел 3* www.appartcity.com – Ница
  • попатни посети на: Сарагоса, Андора, Кан, Ница, Монако, Монте Карло, Сан Ремо
  • разгледување на Рим, Валенсија и Мадрид со локален водич
  • лиценциран придружник на екскурзијата

Во цената не е пресметано:

  • здравствено патничко осигурување без франшиза – 800 денари
  • превоз и разгледување на Барселона со локален водич (20 €)
  • превоз и разгледување на Толедо со локален водич-10еур
  • задолжителна доплата за разглед на Рим:влез и паркинг,локален водич со слушалки =10еур
  • задолжителна доплата за разглед на Монако :влез и паркинг =10еур
  • доплата за кабина Игуменица-Бари:30еур во 1/4,45еур во1/3 и 55еур во 1/2 кабина ,по лице
  • доплата за кабина Чивитавекиа-Барселона:25еу во1/4,30еу во1/3 и 45еу во1/2 кабина,по лице
  • во 1 правец (плаќање при резервацијата во Т. А.)
  • влезници за посетите на културно историските споменици

Останати Понуди