КАПРИ – СОРЕНТО – АМАЛФИ- САЛЕРНО- ПОСИТАНО – АЛБЕРОБЕЛО

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

  КАПРИ – СОРЕНТО – АМАЛФИ-САЛЕРНО- ПОСИТАНО – АЛБЕРОБЕЛО

10.10.23 Поаѓање на групата во 15ч се патува преку Грција, на Игуменица за Бари-Италија. Поаѓање во 23ч со брод од Игуменица за Бари (Италија).

11.10.23 Пристигнување во Бари во утринските часови и посета на црквата Св. Никола каде се наоѓаат моштите на православниот светец.Патот продолжува за Салерно, сместување во хотел со 3* во Паестум,во близина на Салерно, 65 км од Амалфи. Попладнето факултативен излет до древниот град Салерно, бисер на Тиренско море, познат по средновековни улички, паркови, древни аквадукти и песочните плажи.Во Салерно може да се видат:Вердиевиот театар во кој Енрико Карузо ги доживеал своите први успеси,катедралата св.Матеј од 14век,средновековниот аквадукт,Лунгомаре-шеталиштето,трговската улица со дуќани,кафичи,сувенирници,прекрасни палати,пабови,ноќни клубови…Вечерта враќање в хотел.Ноќевање.

12.10.23 Појадок. Факултативен излет до еден од бисерите на Италија-Капри,кој со својата убавина секој туриста го остава без здив.Од Салерно со брод се оди до Капри-кој е уникатен спој на природна убавина,стара архитектура и гламур.Се слегува на пристаништето Марина Гранде, од каде со локален автобус низ тесен кривулест пат се оди најпрво до Ана Капри (“Ана” –значи “над”) кој e сместен над Капри.Ана Капри е многу шармантно туристичко место, со многу ресторанчиња, продавничиња, сувенирници…Потоа со автобус се продолжува до Капри.За убав поглед се оди 10-ина минути пеш по тесен пат до градините на Царот Августин,од каде има незаборавен поглед на Сорентскиот залив.Во Капри може да се видат:Марина Пикола, 3-те стени (симболот на островот),Пјаца Умберта со камбанаријата и саатот, како и најголемата атракција Грота Азура( плава морска пештера)-која може да се посети со доплата на лице место…Слободно време за прошетка низ старите улици со продавници со  сувенирници и бутици со брендирана роба..или капење на прекрасните плажи на островот(во зависност од времето).Враќање околу 17.00 ч. од Капри со брод за еден од   најпопуларните туристички центри-Соренто, каде можат да се видат: Катедралата од 15 век,романтичниот плоштад Тасо,црквата Сан Антонио,пешачката улица Корсо Италија со продавници од локални специјалитети-производи од лимон…Вечерта околу 22.00ч. враќање во хотел.Ноќевање

13.10.23 Појадок.. Факултативен излет со брод од Салерно до 2-та бисери на Амалфискиот брег:Амалфи и Поситано,кои со својата убавина секој туриста го оставаат без здив.Поради благите температури, прекрасните пејсажи,тие се одморалишта уште од времето на Римската империја. Слободно време за прошетка низ старите улици со продавници со  сувенирници и бутици,или капење на прекрасните плажи на островот(во зависност од времето).Тие се атракција на илјадници туристи од целиот свет,па Амалфискиот брег од 1997 год. е ставен под заштита на УНЕСКО.Тесните кривулести улици,шарени куќи од средниот век, многу познати личности од светскиот џет сет купиле имоти во овие идилични места на Сорентинскиот полуостров.Вечерта враќање во хотел.Ноќевање.

14.10.23Појадок.Поаѓање за Алберобело заштитено од УНЕСКО-необично градче, како од бајките,од цртаните филмови“Штрумфови”,куќи изградени од варовник-без малтер,т.н. Трули.Продолжување за Бари.Вечерта поаѓање со брод за Игуменица,ноќна пловидба.

15.10.23 Пристигнување во Игуменица во раните утрински часови.Се продолжува за  Македонија , пристигнување во Прилеп во пладневните часови.    

       

ЦЕНА: 15900 ден.
За уплата и резервација до 25.09.2023г.

Редовна цена = 16900 ден.

 

Во цената е вклучено:

  • превоз со туристички автобус на дадената релација
  • превоз со брод Драч или Игуменица – Бари и назад,на “DECK” со бродска такса
  • сместување во хотел со 3* – 3 ноќевања со појадок
  • посета на Алберобело и црквата св.Никола во Бари,
  • организација и придружник на екскурзијата

Во цената не е вклучено:  

  • задолжително здравствено патничко осигурување – без франшиза = 300 денари
  • туристичка такса 2 еур по ноќ (плаќање на рецепција)
  • факултативен излет до Салерно = 5 еур
  • факултативен излет со брод од Салерно за Капри, локален минибус од Капри до Ана Капри,брод од Капри до Соренто-негов разглед,и автобус до хотел -60 еур
  • факултативен излет со автобус до Салерно,брод до Амалфи и Поситано- 40 еур
  • влезници за посетите и културно-историските знаменитости
  • доплата за кабина Игуменица-Бари-Игуменица: 30 еур по лице во 1/4 кабина, 40еур во 1/3 и 55еур во 1/2 кабина во 1 правец (плаќање при резервацијата во Т. А.)

Напомена: Краен рок на пријавување  до 05.10.2023 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А Бран Турс и СКТМ

                                   

Останати Понуди