Манастир ТУМАНЕ – Голубачка тврдина-БЕЛГРАД

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

 Манастир ТУМАНЕ – Голубачка тврдина-БЕЛГРАД 

  14 / 15 . 10. 2023 

1 ден 14.10.2023 Поаѓање за Србија пред  агенција  во  00.15 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во манастирот Тумане во утрин    ските часови. Манастир Тумане е православен манастир на Српската православна црква.Се наоѓа во Голубачката долина на само 12км од Голубац.Тумане е задужбина на Српскиот витез Милош Обилич.До 2014г. бил женски, а сега е машки манастир. Манастирот Тумане е еден од најпосетените манастири на балканот.По посетата на Манастирот се заминува за Голубац, каде ќе се посети Голубачката тврдина– влез од 5еур се плаќа во агенција.Изградена во 14-ти век, на влезот на Ѓердапската клисура,во националниот парк Ѓердап.Тврдината е со 10 кули и две големи порти. Потоа се оди до Велико Градиште и Сребрно Језеро.Сребрно езеро е вештачко езеро, но популарна туристичка дестинација.Тоа  го нарекуваат “Српско море“ затоа што е долго14 км,широко 300м.Туристичкиот комплекс се состои од:викенд населба,аква парк, тур.брод,ресторани,кафичи.Се продолжува за Белград.Сместување во хотел. Факултативно – вечера со тамбурашка музика во ресторан на Скадарлија, или прошетка по Кнез Михајлова. Ноќевање.

2 ден 15.10.2023 Појадок. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Свети Сава, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот итн.Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот и кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија”.Поаѓање за Македонија преку Табановце и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни, или раните утрински часови.

ЦЕНА: 4600 ден. за резервации до 29.09.2023г. Редовна цена 5200ден.

Во цената се вклучени следните услуги:

– автобуски превоз на дадената релација

– сместување во хотел со 3* – 1 ноќ. со појадок

– посета на Манастирот Тумане и Голубачка тврдина

– разгледување на Белград со локален водич

– лиценциран придружник на аранжманот

 

Во цената не се вклучени следните услуги

– здравствено патничко осигурување – 120 ден. до 65 год., над 65г. 200ден.

– доплата од 5 еур за влез во Голубачка тврдина (задолжително)                                                                                                               

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Напомена: Рок на пријавување  до 01.10.2023 година.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран турс и СКТМ.               

                 

                                                                                                  

                 

Останати Понуди