САН ФРАНЦИСКО – ЛАС ВЕГАС – ЛОС АНЏЕЛЕС 2023

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

САН ФРАНЦИСКО – ЛАС ВЕГАС  – ЛОС АНЏЕЛЕС

20.10.2023 Состанок на групата пред агенција Бран, поаѓање со минибус за аеродромот во Скопје. Чекирање и полетување за Сан Франциско.

21.10.2023
Пристигнување на аеродромот во САН ФРАНЦИСКО во пладневните часови,трансфер до хотел,сместување.Попладнето разгледување на знаменитостите на САН ФРАНЦИСКО, при што можат да се видат:*најпознатата знаменитост-Мостот Голден Гејт од 1937г,2 милји долг, со интересна црвенкаста боја, кој го поврзува заливот Сан Франциско со Тихиот Океан,прогласен за еден од чудата на современиот свет,можеби најубавиот и најфотографиран висечки мост во светот.Освен моторен , преку мостот се врши и велосипедски и пешачки сообраќај.Од мостот се гледа  Историскиот озлогласен затвор Алкатраз на островот Алкатраз во Заливот на Сан Франциско.Потоа прошетка кај *Fisherman’s Wharf-популарен туристички стар дел на градот,т.н.*Мала Италија, со продавници,ресторани, место за шетање и каде можи да се вкуси животот на Сан Франциско.Тука е и *Музејот на восочни фигури Мадам Тисо, *Националниот историски Парк-Мартиме,со бродови од 19-ти и 20-ти век… Ноќевање.

22.10.2023 Појадок. Ден за посета на:*Трамвајската железница од 1873г.со која на локалните жители им било олеснето движењето низ ридовите на градот, е една од најинтересните атракции , со кои трамваи може да се разгледа градот ,од 1964г.овој јавен превоз е прогласен за   историски споменик;*Паркот Голден Гејт во кој се најдува Академијата на науките и уметноста,кое е архитектонско чудо  и повеќенаменски музеј, *Кинеската Четврт, *Неокласичната палата-Музеј –Легија на честа,*Оперската куќа…Факултативно посета на затворот * Алкатрас,кој е голема атракција.Затворен 1963 г. , а отворен како туристичка атракција 1973г.,во кој биле затворени најпознатите злосторници како Ал капоне, Бирдман…Слободна вечер во Сан Франциско.Ноќевање.

23.10.2023 Појадок. Ден за факултативна посета на градот Сакраменто каде ќе се посети Старо Сакраменто, каде ќе се видат згради од Златната треска, дрвени тротоари,стари “салони” ,продавници,музеи и антикварници .. тоа е место како од Вестерн филмовите со Џон Вејн,Буч Касиди.Потоа се поаѓа за  главниот град на Калифорнија – САН ХОЗЕ (основан 1777г.,а присвоен во САД во 1848г.)),кој е културен,политички и финансиски центар на Силиконската долина(седиште на најголемите технолошки компании:Cisco Systems, eBay, Adobe Inc., PayPal, Broadcom, Samsung, Acer и Zoom),трет град во светот по БДП по жител(по Осло и Цирих),1 милион жители,од кои дури 40% е од Шпанско потекло,но и големи населби од Виетнам,Португалија,Јапонија…Во Сан Хозе можат да се видат: оригиналниот плоштад на Пуебло де Сан Хозе од 18 век; Peralta Adobe (последна преостаната шпанска структура од Пуебло де Сан Хозе),најстарата Катедрална Базилика св.Јозеф од 1803г.Од Сан Хозе враќање в хотел .Ноќевање.

24.10.2023 Појадок. Поаѓање за Лас Вегас низ пустината на Невада.Лас Вегас– главен град на светот за забава, град на гревот,познат по коцкарниците,забавата, шопингот и луксузот, град со голем број на казина и клубови,и е најсветол град на планетата Земја, кој годишно го посетуваат 40милиони туристи,а потрошуваат околу 35милијарди долари. Настанал 1905 год., бил собирна точка за сите рудници.По изградбата на браната Ховер Дам во 1931-35г.,бројот на жители почнува нагло да расти,како и туризмот.Градот е опкружен со суви планини,па и опкружувањето е карпесто и прашливо. Најголема атракција на лас Вегас се казината(првото е изградено 1931г.од првиот Холивудски ганстер Bugsy Siegl Northern Club), во градот има огромни хотели со казина,со преку 150000соби.Вечерта стигнување во Лас Вегас,сместување во хотел. Ноќевање.

25.10.2023г.Појадок .Посета на најатрактивното место во Лас Вегас Fremont Street Experience –која прикажува светлосни претстави на зградите, тоа е кварт со 5 блокови во центарот на Лас Вегас, со голем број казина,трговски центри, ресторани,барови… Музејот на мафијашите се наоѓа во центарот на Лас Вегас, на миља од Fremont Street. Fontane Bellagio – ова е атракција сместена на Стрип,која содржи музички фонтани,и не може да се опише ,туку да се доживее.SkyPodкула со видиковец од каде има прекрасен поглед на цел Лас Вегас. Вечерта слободна прошетка низ најпозната и најдолга улица Стрип,т.е.Лас Вегас Булевард, на која се сместени најголемиот број на хотели,казина,ресторани,ноќни клубови и барови…Слободна вечер за коцкање. Ноќевање.

26.10.2023г.Појадок.Факултативен излет до најголемата бетонска брана изградена во Црниот Кањон на реката Колорадо- Ховер Дам. Изградена на границата помеѓу Аризона и Невада, од 1931-1936г., годишно ја посетуваат по 7милиони туристи.Продолжуваме до најимпресивната атракција  во САД-Гранд Кањон,едно од седумте светски чуда на природата, со црвени карпи,кои откриваат милиони години геолошка историја. Восхитувачките погледи на Гранд Кањон и реката Колорадо се од Матер поинт и Липан Поинт, посебно од Skywalk-каде се наоѓа резерватот на Индијанското племе Hualapai. Враќање во Лас Вегас.Вечерта уживање во коцкарниците на Лас Вегас. Ноќевање.

27.10.2023г.Појадок.Поаѓање за ЛОС АНЏЕЛЕС,градот на Ангелите, градот на глумците,познат како културен,финансиски центар, како и град на Хуливуската филмска индустрија.При патувањето до Лос Ангелес ќе се видат стари ресторани,  мотели,и многу носталгија од 1950-тите години. При пристигнувањето во Лос Ангелес, ќе се види најистакнатата икона на Лос Ангелес, знакот на Hollywood , на планината Mount Lee,кој е поставен од 1923г.Сместување во хотел.Попладнето прошетка низ Beverly Hills –неизбежно возење по улиците на Беверли Хилс, каде живеат познати глумци..потоа посета на  познатата улица Rodeo Drive, Hollywood Boulevarda, прошетка по Булеварот на славните Hollywood Walk of Fame на 2600 месингени натписи на славните личности на Холивуд, втиснати на тротоарите на градот.Ноќевање.

28.10.2023 Појадок Ден за прошетки и уживање на неколку познати плажи во Санта Моника, како што е Third Street Promenade – променада со многу дуќани и ресторани во Santa Monica, Venice beach- една од најпопуларните дестинации во Лос Анџелес, со убави плажи, ресторани и разни спортски и културни збиднувања,kako i na Long Beach плажата. Посета на знаменитостите на Лос Анџелес: Забавниот парк и ресторан  Griffith Park, на врвот се наоѓа Обсерваторија од каде се пружа прекрасен поглед на цел Лос Анџелес.Griffith парк е познат и по некои филмови кои тука се снимале, како што се:Повраток во иднината, Терминатор,Звездени патеки,.. Walt Disney Concert Hall –тоа е модерна импресивна зграда,El Pueblo de Los Angeles дел од градот каде се слуша шпански јазик,но тоа е историско место каде што градот настанал,односно El Pueblo de Nuestra Señora Reina de los Ángeles sobre El Rio Porciúncula.Главната улица се вика Olvera street и таму се наоѓаат мексички маркети, мексиканска музика,танчери…Ноќевање.   


29.10.2023 Факултативен излет за САН ДИЕГО, град на границата со Мексико,а со Тихуан во Мексико –е најфреквентен премин од една во друга држава.Сан Диего е на брегот на Тихиот океан,со 1,4милиони жители,се смета за родно место на Калифорнија, зашто првите доселеници биле токму во овој дел, во 1542г.Сан Диего е град со долги песочни плажи, луксузни ресторани, ноќни барови, шопинг центри, знаменитости.. со еден збор: град за забава и уживање.Туризмот е главна гранка, поради плажите и туристичките атракции како што се: Балбоа Парк,со историски згради, бројни музеи,паркови и зеленила.Паркот настанал за изложбата Панама Калифорнија од 1915-1916г.,и поголемиот дел од градбите се од  Шпанска нискоградба.Сан Диего ЗОО сместен во паркот е еден од најголемите во САД,кој се простира покрај кањон и со многу ридови и со егзотични животни.Сан Диего годишно го посетуваат околу 30милиони туристи.Враќање в хотел.Ноќевање.

30.10.2023г.Заминување за Сан Франциско за на аеродром.Попатна посета на гратчето Солванг, “Danish Village”,познато по својата архитектура во Дански стил.Преовладува Данска архитектура на населбата.Посебно од 1947г. станува туристичка дестинација, по изградбата на неколку ветерници, статуите на Х.К.Андерсен,Тркалезната кула,полудрвените куќи, винарии, слаткарници и ресторани со Дански специјалитети, Музејот на Х.К.Андерсен, црквата Санта Инес,Данскиот трамвај”the hen” влечен со коњи-ги носи туристите на обиколка на градот..Многу филмови се имаат снимено во ова гратче.Вечерта во 19.30 поаѓање од аеродромот на Сан Франциско.Ноќен лет со авион за Скопје.

31.10.2023г.Слетување на аеродромот во Скопје.Враќање за Прилеп со минибус.

ЦЕНА: 173600 ден. (2800 еур)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • авионски билет Скопје -Сан Франциско-Скопје на 20/21-30/31.10.23г.
  • сместување 3Н/П во Best Western Plus Grosvenor Airport Hotel 3* Сан Франциско;3Н/П Tropicana Las Vegas DoubleTree by Hilton Hotel 4* во Лас Вегас;3Н/П во Best Western Plus South Bay Hotel 3* Лос Анџелес.
  • трансфер:аеродром Сан Франциско- хотел во Сан Франциско,С.Франциско-аеродром
  • разгледување на Сан Франциско,Лос Ангелес,Лас Вегас и Солванг
  • располагање-превоз со комбе во текот на престојот во САД
  • организација и придружник на патувањето

 

Во цената не се вклучени следните услуги:  

  • американска виза 180 усд (агенцијата не гарантира добивање УСА виза)
  • здравствено патничко осигурување –светско-ковид до 65г.=900 ден(зaдолжително)
  • факултативни излети: Сакраменто и Сан Хозе(50усд); Сан Диего(50усд), Хувер Дам и Г.Кањон(50усд)
  • трансфер: Прилеп-аеродром Скопје-Прилеп 1200ден.
  • влезници за културно историските споменици и локалитети и други неспоменати услуги.

Напомена:Плаќање:50% при пријавување, остатокот 30дена до пред поаѓање. 
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс.
Бројот на патници е ограничен,предност имаат оние кои имаат виза за САД. 

Останати Понуди