САРАЕВО – Мостар – Вишеград – Мокра Гора

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

23-ти Октомври во

  САРАЕВО

Мостар – Вишеград – Мокра Гора

20.10.23 Поаѓање во 19ч. од пред Бран за Сараево преку г.премин Табановце. Ноќно возење низ Србија, со попатни паузи.

21.10.23 Во утринските часови пристигнување во Сараево. Разгледување на градот со локален водич: историското јадро “Башчаршија”, каде се наоѓаат бројни културно – историски знаменитости, прошетка по улицата “Којунџилук” од 16 век со многу занатски дуќани, потоа Еврејскиот Храм, Газихусербегова џамија, Катедралата, Народниот театар, Градското собрание. Сместување во хотел БМ со 4*.  Слободна вечер на Баш Чаршија каде можете да ги вкусите познатите “ќебапи во лепиња”, како и десертот “туфахија”. Ноќевање.

22.10.23 Појадок. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на изворите на реката Босна – Врело Босне, а потоа се застанува на Мостот на Неретва – познат од 2 – та светска војна од Битката на Неретва. Пристигнување во Мостар, посета на Стариот мост на Неретва-симбол на градот.Попладнето враќање во Сараево. Слободно време на Баш Чаршија. Факултативна вечера со музика. Ноќевање.

23.10.23 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Потоа продолжување за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено – Дрвениот град на Емир Костурица, како единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

24.10.23 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА: 6200 ден.-За резервации и уплати до 02.10.2023г.

Редовна цена- 6900 ден.

деца до 12 год 30 % попуст ( при сместување со двајца возрасни )

Во цената е пресметано:

  • превоз со туристички автобус
  • сместување во хотел БМ со 4* на база 2 ноќевања со појадок
  • разглед на Сараево со локален водич
  • организација и придружник на патувањето

Во цената не е пресметано:

  • патничко и здравствено осигурување – без франшиза – 200 ден до 65 год, од 65 год -79 год – 300 ден
  • доплата за еднокреветна соба – 40 еур
  • факултативен излет до Мостар -20 еур
  • вечера во ресторан со музика со еден пијалок -20 еур
  • влезници за културно историските споменици

Напомена: Рок на пријавување до 14.10.2023 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.                                             

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс.

Останати Понуди