ВОЈВОДИНСКА ПРИКАЗНА со САЛАШИ, ВИНАРИИ, ЕРГЕЛИ…. БАЧКА ТОПОЛА-СУБОТИЦА-ПАЛИЌ-БЕЧЕЈ-ЗРЕЊАНИН

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

23.05.24 Поаѓање во 23.00 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

24.05.24 Пристигнување во Бачка Топола-град пример за мултикултурализам:со Српска Православна,Римокатоличка,и Унгарско Реформаторска црква…,каде ќе се видат: Ветерница-сега музеј,Панонска куќа од 1843г.,Замок на семејството Краи-денес Градски Музеј..На 5км од Бачка Топола се најдува најстарата Ергела-Комплексот  “Зобнатица”од 1779г.Сместување во хотел со 4*.Попладнето,разгледување на: Хиподромот, музејот за коњи,ергелата,можност за возење со кочии-фијакери, како и јавање на коњи...Ноќевање.

25.05.24 Појадок.Факултативен целодневен излет до Суботица најсеверен град во Србија, на 10km од границата со Унгарија.Тоа е модерен средновековен град од 14 век,со раскошна архитектура. Разгледување на градот со локален водич:Градската куќа,Народниот театар, Катедралата од 18 век,Рајнхардовата палата во Сецесијски стил,Плоштадот на Слободата… Слободно време во центарот на градот.Потоа се оди до езерото Палиќ,каде се разгледува  најпознатата Винарија Звонко Богдан ,каде имаме дегустација на 3 врсти вина и даска мезе ”Basic”.Потоа ќе се направи кратка посета на Салашот Звонко Богдан.Потоа обиколка и уживање на Бисерот на Војводина-езерото Палиќ, со Барокен парк и сецесијска архитектура, при што ќе се видат:големиот парк од 1842,изграден по примерот на Англиските паркови, споменикот на Лајош Вермеш,спомен чешмата…Самиот центар нуди различен вид на забава, посматрање на птици,фотосафари, ловење на риби,ЗОО…Враќање во хотел.Ноќевање.

26.05.24 Појадок. Поаѓање за Бечеј-град од 11-ти век,на реката Тиса,со подеднаков број на Маџари и Срби, со интересни знаменитости:Плоштадот на слободата-каде се наоѓаат Градската фонтана,Православната црква св.Ѓорѓи,Католичката црква,зградата на Градската општина,споменикот на Петар1-ви Караѓорѓевиќ..Потоа се продолжува за Зрењанин,град со голем број културно-историски знаменитости:Националниот музеј,палата Дунџер,Театарот, Градската куќа,Судската палата…Попладнето,поаѓање за Македонија со попатни паузи. 27.05.2024 г. Пристигнување во Прилеп во ноќните или раните утрински часови.

ЦЕНА: 7900 ден. за резервации до 19.04.2024.     Редовна цена 8900ден.

Во цената се вклучени следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • сместување kaj Бачка Топола во комплекс Зобнатица во х.Каштела со 4* – 2 ноќ.со појадок
  • бесплатно користење на велнес центарот (сауна,теретана,билијард…)
  • разгледување на Бачка Топола, Бечеј и Зрењанин со локален водич
  • придружник на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • здравствено патничко осигурување – 200 денари
  • факултативен излет и разгледување со локален водич на Суботица и езерото Палиќ=20еур – посета на Салашот и Винаријата “Звонко Богдан”со дегустација на 3 врсти вина со  ”Basic”даска мезе=20еур
  • влез во музејот и ергелата Зобнатица 3€,возење со кочии-3€ ,јавање на коњи-4 €=10еур
  • влезници за евентуални други посети на локалитети и другите културни споменици

  Напомена: Краен рок на пријавување до 17.05.2024 година.

Т. А. БРАН ТУРС  Ви го честита 24 – ти Мај – Денот на Македонските просветители. Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Напомена: Рок на пријавување до 17.05.2024 година.
Т. А. БРАН ТУРС  Ви го честита 24 – ти Мај – Денот на Македонските просветители.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување

 

Останати Понуди