ВИКЕНД на РТАЊ
ЕТНО ХОТЕЛ РТАЊ-БАЛАШЕВИЧ
НИШ-СОКО БАЊА-ЛЕСКОВАЦ
РТАЊ- планина во форма на Пирамида, претставува природен феномен.За планината Ртањ се поврзуваат бројни мистерии за вонземјаните,звездена порта и временска капсула. Дека е скривница од крај на светот (смак света).Се верува дека најчудно место е светилиштето Врело, бидејќи таму има комплекс од три енергии: оргонска, електрична и магнетна, а воедно е едно од најмоќните места во светот. Комбинацијата на овие три енергии е многу поволна за човечкото тело. Многу често, изворот на својата енергија ја пронаоѓа најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ. Планината Ртањ е позната по еден од најлековитите чаеви Ртањски чај, како и богата флора и фауна,како и многу пештери.
08.12.2023 Поаѓање во 05.00 часот од Прилеп преку граничниот премин Табановце. Пристигнување околу 10.00ч. во Ниш – најголемиот град во Јужна Србија каде вреди да се видат: Нишката Тврдина од 17 век, Казанџиското сокаче-стариот дел на градот од 18 век. Продолжување према Соко Бања,и на 30км се наоѓа Етно Хотел Ртањ Балашевич. Сместување во хотелот околу 14.00часот.Попладнето слободно време за користење на затворениот базен со подвижен покрив,со посебни хидромасажни ефекти и егзотичен ентериер. Ноќевање.
09.12.2023.Појадок. Ден за доживување на убавините на околината на планината Ртањ, како и слободно време за бесплатно користење на базенот со подвижен покрив,со посебни хидромасажни ефекти и егзотичен ентериер.Користењето на сауна и парно купатило се доплаќа на лице место.Вечерта,факултативна вечера со музика во ресторанот на хотелот .Ноќевање.
10.12.2023 Појадок. Слободно време до 11.00 ч.во хотелот , со можност за користење на Спа центарот на хотелот. Потоа поаѓање и посета на светилиштето Врело.Продолжување за Соко Бања, кратка прошетка низ прекрасниот парк во центарот на градот каде се наоѓа Милошевиот конак, турското купатило “Амам“ од XV век. Заминување за Македонија со попатна пауза во Лесковац каде ќе имаме слободно време за шопинг и вкусување на Лесковачка скара. Заминување за Прилеп и пристигнување во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 5900 ден.
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација
– 2 ноќевање со појадок во Етно хотел Ртањ Балашевич
– користење на внатрешен базен со подвижен покров, со посебни хидромасажни ефекти и егзотичен ентериер.
– посета на: Ниш, Соко Бања, светилиштето Врело и Лесковац
– организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– патничко здравствено осигурување – без франшиза – 200ден. до 65год.,300д. од 65-70год.
– вечера: гулаш, плескавица и бела вешалица со гарнир,салата и десерт+музика=20 еур
– користење на сауна и парно купатило, се доплаќа на лице место.
– влезници за културно – историските споменици
Напомена: Краен рок на пријавување до 04.12.2023 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и уживање.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ.