8-ми СЕПТЕМВРИ ВИКЕНД ВО МЛИНИ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

8-ми СЕПТЕМВРИ ВИКЕНД
МЛИНИ – СРЕБРЕНО – КУПАРИ
(ДУБРОВНИЧКА РИВИЕРА)

МЛИНИ е туристичко место кое е во изобилие на мирисни паркови,чисто море,убави плажи, а близината од 5 км до Дубровник и до Цавтат – го прават Млини бисер на Дубровничкото крајбрежје и атрактивно место за одмор. СРЕБРЕНО и КУПАРИ се поврзани со Млини,голем дел од вилите се на границата помеѓу Млини и Сребрено, па сите заедно претставуваат еден од најдобрите туристички комплекси на Дубровничката ривиера.

1 ден. 05.09.24 Поаѓање од пред агенција Бран во 21.00ч.-со туристички автобус,преку Албанија,Црна Гора(Драч,Будва-Тиват-со траект или на Котор).

2 ден. 06.09.24 Пристигнување во Млини во утринските часови,сместување во студија и апартмани околу 13-14.00 часот.Слободно време за капење. Вечерта прошетка во стариот дел на Млини-по шеталиштето каде ќе се ужива во прекрасните паркови, градини, вили,викендици. Од културните знаменитости ќе се посетат црквата св.Рока и св.Дух и ќе се видат остатовите од старите млинови на реката Завреље… Тоа е прекрасна можност за уживање покрај брегот на Јадранското море. Ноќевање.

3 ден 07.09.24 Слободен ден за капење. Освен добро капење, туристите можат да уживаат во: нуркање, сурфање на вода, риболов, велосипедизам и др.спортови., а имате можност за добар шопинг во SUB CITY MALL &SUPERMARKET.Вечерта ,факултативен излет до Дубровник,со прошетка во стариот дел на градот:Плаца,Онофриевата чешма,Орландовиот столб,црквата св.Влах,Катедралата, Гундуличевата пољана…Враќање во Млини.Ноќевање.

4 ден.08.09.24 Слободно време за капење.Вечерен излет до цавтат,каде можете да уживате во прекрасни палати и резиденции на поморци и бигаташи,бројни хотели, кафе барови, сувенирници, јахти и бродови за излети…Вечерта, враќање во Млини.Ноќевање.

5 ден. 09.09.24 Слободно време за капење и прошетка до 12 ч.Поаѓање за Македонија, попатна пауза во Будва за вечера.Ноќно возење преку Албанија, со попатни паузи.

6 ден. 10.09.2024 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

 

Цена: 7900 ден. за резервации до 01.07, редовна цена 8600 ден.
Деца со родители  од 4-12 год. = 6900 ден.. (во 1/3, 1/4 соби)

 

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • туристичка такса
  • 3 ноќевања.,во вили : “Влашич”,”Миличевиќ” “Хандабака” ,”Кљаиќ”,”Баришиќ” и други вили во 1/2,1/3-соби, студиа и 1/4 aпп. во Млини,Сребрено и Купари, на 100-250m. од плажа.
  • водство и организација на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • патничко здравствено осигурување без франшиза -300ден. до 65г., 500 од 65-70г.)
  • вечерен излет до Дубровник – 5 еур (деца до 12год.-гратис
  • вечерен излет до Цавтат – 5 еур (деца до 12год.-гратис)

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно летување и патување.
За хигиената во студијата за време на престојот се грижат самите клиенти.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Бран турс и СКТМ.

Т.А. БРАН ТУРС – ПРИЛЕП

Останати Понуди