ВОДЕН-ЛУТРАКИ-27.04.2024

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВОДЕН ЛУТРАКИ

27.04.2024

 

ЛУТРАКИ е мало туристичко место. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Овде посетителот може да ги  комбинира: минералната топла вода во базените, посетата на уникатната по својот вид пештера. Температурата на водата е од 37/38 целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми

Поаѓање во 05.30 од пред агенција Бран за Грција преку граничниот премин Меџитлија. Пристигнување во Воден (Едеса) околу 09 часот. Воден е град со околу 20000 жители, во чија близина се наоѓаат неколку природни езера и водопади на реката Вода (Воденка), по што и го добива името. Исто низ градот има повеќе поточиња, рекчиња, мостови… Сепак Воден е најпознат и најпосетуван поради прекрасните водопади. Се продолжува за Лутраки. Слободно време за капење во бањите и во отворен базен. Можност за ручек на традиционалното Грчко јадење – гиро пита, а посебно на специјалитетот јаре под вршник кај Митре. . Попладнето поаѓање за Македонија, попатна пауза во супермаркетот LIDL во Лерин, па преку гр. премин Ники пристигнување во Прилеп во вечерните часови.

 

ЦЕНА: 850 ден.

 

Во цената на аранжманот се вкулчени следните услуги:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • организација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот се вкулчени следните услуги:

  • здраствено петничко осигурување – 60ден. до 65год., 120ден. до 69 год., 300ден, 70-79год.

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За овај аранжман важат опшите услови на ТА БРАН- Прилеп.

 

 

Т. А. Бран – Прилеп

Останати Понуди