Л А Р И С А
Божиќен Забавен парк
ПАРК НА ЖЕЛБИТЕ
16.12.2023
Поаѓање во 5.00 часот од пред агенција Бран, преку граничниот премин Богородица.Се патува покрај Солун,Катерини, Лептокарија, Неа Пори со попатна посета на клисурата Темби и црквата св.Петка (Agia Paraskevi). Во близина на капелата од црквата има мал отвор во карпа, кој е влезот на пештерата каде што има извор со света вода до која се стигнува низ тесен тунел. Пештерата е темна и едвај може да се собере еден човек. Црквата Agia Paraskevi се наоѓа во центарот на теснецот на долината Темпи и е поврзана со националниот автопат со метален пешачки мост кој минува преку реката Пиниос. Продолжување до Лариса, главен град на областа Тесалија со околу 150000ж., каде се посетува новиот Трговскиот шопинг центар Fashion City Outlet , со преку 70 познати брендови, со кина, ресторани, игралишта… Потоа се оди до Волшебниот Божиќниот забавен парк – Park of Wishes (Πάρκο των Ευχών) – ПАРК НА ЖЕЛБИТЕ –кој ги отвора вратите како за младите така и за возрасните, на површина од 64 хектари,покрај реката Пиниос во паркот Alkazar. Во ПАРКОТ на ЖЕЛБИТЕ ќе се видат креативни уметнички дела: Божиќното езеро со огромно дрво, Куќата на Дедо Мраз, Куќата на џуџињата, Академија на малите волшебници, Палатата на Ледената кралица, и еден куп изненадувања кои ќе бидат украсени со сијалички, новогодишни елки, звезди, ангели, снежни топки.. Вечерта околу 18.00 часот заминување за Македонија и пристигнување во Прилеп во вечерните часови.
ЦЕНА :1350 ДЕНАРИ
Деца со родители до 12 години – 1000 денари
Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на дадената релација
– лиценциран придружник на екскурзијата
Во цената не е вклучено:
– задолжително патничко здравствено осигурување= 60 ден.до 65 години,120 ден. од 65-70 години, и 300 ден.над 70 годишна возраст.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран и СКТМ.
Т. А. Бран – Прилеп