ПАРГА (ПАКСОС И АНТИПАКСОС) 16.06.24

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ПАРГА
(ПАКСОС И АНТИПАКСОС)
16.06.2024

ПАРГА е една од најпознатите туристички дестинации во Грција, сместена помеѓу Игуменица и Превеза, во областа Епир на Јонско море.Парга е мал убав град-туристичко место,со убави разнобојни куќи, Али пашина тврдина, шеталиште покрај морето, многубројните скриени плажи распрскани на малите островчиња во заливот, две градски плажи Валтос и Каналаки.Парга е атрактивна и поради ПАКСОС и АНТИПАКСОС-едни од најатрактивните острови во Јонско море.

16.06.24 Поаѓање во 02.30ч. од Прилеп пред агенција Бран се патува г.п.Меџитлија за Парга со попатни паузи. Пристигнување во Парга околу 8-9.00 часот. Слободно време за капење во Парга, на градската плажа Крионери или пак на познатата плажа Валтос, или пак капење и крстарење со Гусарски брод до Паксос и Антипаксос. Излет со Гусарскиот брод од Парга до ненаселениот атрактивен остров– Антипаксос при што со малку среќа може да се видат делфини,кои ги повикува бродот со своите сирени. Се доаѓа до атрактивната плажа Воутоуми, каде има вистинско доживување и капење во тиркизната вода и белиот песок. Потоа се продолжува за  Паксос, до туристичкото место Гаиос.На пат за Гаиос со Гусарскиот брод се обиколува островот Паксос, се  застанува кај Плавата пештера, каде може да има најатрактивно капење и ронење во пештерата,од една страна се влегува со пливање ,а од друга страна се испливува,и добро би било да се понесат наочари за под вода(ако има бранови,нема капење).Во Гаиос,на Паксос, времето може да се искористи за прошетка низ тесните  улички на островот,да се купи маслиново масло,сувенири… Околу 18.00ч.(грчко) враќање во Парга- слободно време за прошетка низ стариот дел на градот, каде може да се вкуси  гиро и да се купи некој сувенир. Вечерта, околу 20.00 часот(по грчко време), поаѓање за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови-околу 24.00ч.

Цена : 1400 денари

 

Во цената е вклучено:  

  • автобуски превоз на наведената релација
  • посета на ПАРГА
  • придружник и организација на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • патничко здравствено осигурување до 65 год.-60 ден., од 65-70 год.-120ден., од 70-80 год.-400ден.,
  • излет со Гусарски брод до островите Паксос и Антипаксос (30 еур)(во зависност од условите на морето, излетот може да не се одржи или дел од програмата со бродот да се измени).Пријава и резервации во агенција.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Со овој програм важат општите услови на патување на Т.А. Бран и СКТМ

                                                                                                                                                                        

Т.А. БРАН-ПРИЛЕП

 

Останати Понуди