ЈАНИНА-МЕТЦОВО 15.03.25

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ЈАНИНА – МЕТЦОВО  
ПЕШТЕРА ПЕРАМА
15/16.03.2025

15.03.2025г.Поаѓање во 06.00 од Прилеп преку г. п. Меџитлија за Јанина со попатна пауза за појадок.Посета на Метцово-најголем центар на Власите во Грција – карактеристично планиско место, кое плени со својата автентичност и зачувана стара архитектура. Можност за посета на прекрасните цркви и манастири во местото.Продолжување за Јанина – град во областа Епир, сместен на брегот на Јанинското езеро – Памвотида. Посета на тврдината Кастро,а може да се ужива на идиличното шеталиште покрај езерото  и самиот центар на градот,по тесните улички на Јанинската чаршија, со градби од Отоманскиот период со многу кафе барови, гиро ресторани… Сместување во хотел.Вечерта прошетка во центарот на Јанина, град со многу кафе барови и автентични ресторани. Ноќевање.

16.03.2025г.Појадок. Факултативна посета на пештерата Перама,стара еден и пол милион години, на 4-5 км. од Јанина. Езерото има остров кој може да се посети со брод,каде е сместен Музејот на Али Паша,кој бил убиен и обезглавен од страна на султановите трупи на 5 февруари 1822 година. Засенета од импозантен чинар стар 700 години, извонредната околина на музејот ги содржи и пештерите во кои живееле познати свети луѓе во минатото.Овие пештери служеле и како засолниште за жителите на Островот. На островот освен цркви и манастири има и рибни ресторани, можност за ручек .Враќање во Јанина.На крај, посета на Музејот „Павлос Врелис“ — најпознатиот музеј на Восочни фигури во Грција, на 5-6 км. од Јанина. Попладнето поаѓање за Македонија и пристигнување во Прилеп во вечерните часови.

ЦЕНА: 4600 денари за резервации до 18.02.2025г.
Редовна цена 5600д.

 

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел во Јанина со 3*- 1 ноќевање со појадок,
  • Посета на Метцово и разгледување на Јанина
  • Придружник и организација на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • патничко осигурување(-160 ден. до 65 год.;-250 ден. од 65-70 год.)
  • влезници за Пештерата Перама – 8 еур, брод до островот на езерото +-5 еур и посета на Музејот за Восочни фигури-влез -7еур.

Пријавување и резервации до 10.03.2025.
Со овој програм важат општите услови на патување на Т.А Бран турс и СКТМ
Збогатете го вашето доживување со едно незаборавно патување.

                                                                                     Т.А. Бран турс – Прилеп

Останати Понуди