Манастир ТУМАНЕ – Голубачка тврдина – РТАЊ-Пожаревац

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Манастир ТУМАНЕ
Голубачка тврдина – РТАЊ – Пожаревац

1 ден 28.09.2024 Поаѓање за Србија во 04.00 од пред агенција Бран.Патот води преку ГП Табановце.Пристигнување во Соко Бања околу 11.00,прошетка низ прекрасниот парк во центарот на градот,каде се наоѓа Милошевиот конак,турското купатило “Амам“ од XV век….Поаѓање за Ртањ, со попатна посета на светилиштето Врело.Испитувањето на Светилиштето е направено неколку пати од страна на научници од странство, а научно е докажано дека тоа е енергетски најмоќното место на планетата.Зрачи со оргонска, електромагнетна и озонска енергија кои кога ќе се соединат имаат многу лековито дејство врз човечкото тело.Има податоци дека некаде под Ртањ имало болница во која се лекувале римски легионери, раните зараснувале 3 пати побрзо, затоа биле носени ранети борци од сите краишта на Римската империја. Бидејќи Светилиштето има благотворно дејство врз човековиот организам.Продолжување за планината Ртањ,сместување во Етно хотел Ртањ околу 15.00ч..Попладнето слободно време  за користење на затворениот базен со подвижен покрив,со посебни хидромасажни ефекти и егзотичен ентериер. Ноќевање.

 2 ден 29.09.2024 Појадок.Поаѓање за манастирот Тумане.Тој е православен манастир на Српската православна црква.Се наоѓа во Голубачката долина на 12км од Голубац.Тумане е задужбина на Српскиот витез Милош Обилич.До 2014г. бил женски, а сега е машки манастир.Тумане е еден од најпосетените манастири на балканот.По посетата на Манастирот се поаѓа за Голубац, каде ќе се посети Голубачката тврдина. Изградена во 14-ти век,на влезот на Ѓердапската клисура,во националниот парк Ѓердап. Тврдината е со 10 кули и две големи порти.Заминување за Македонија, попатна пауза во градот Пожаревац,каде може да се видат неговите знаменитости..Слободно време за ручек и шопинг во шопинг центарот Стоп Шоп.Доцна попладнето продолжување за Македонија   и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни  часови.

         ЦЕНА: 4600 ден. –промо цена за последни 4 места.
Редовна цена 4990 ден.

Во цената се вклучени следните услуги:

  •  автобуски превоз на дадената релација
  •  сместување во хотел со 3* – 1 ноќ. со појадок во Етно хотел Ртањ3* – користење на внатрешен базен со подвижен покров, со посебни хидромасажни ефекти
  • посета на Манастирот Тумане и Голубачка тврдина
  • попатна посета на Соко Бања ,Светилиштето Врело и Пожаревац
  • придружник на аранжманот

Во цената не се вклучени следните услуги

  • здравствено патничко осигурување – 160 ден. до 65 год., од 65г.-70г.= 300ден.
  • доплата од 6 еур за влез во Голубачка тврдина (задолжително)

– користење на сауна и парно купатило во хотелот,се доплаќа на лице место. 

 Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.               

Напомена: Краен рок на пријавување и резервации  до 24.09.2024 година. 

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран турс и СКТМ.             

Останати Понуди