НОВА 2024 ГОДИНА ВО БУДИМПЕШТА

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Нова 2024 год.

БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

 

29.12.2023 Поаѓање во 16.30 часот, преку Србија, ноќно возење со попатни одмори.

30.12.2023 Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и панорамско разгледување на Будимпешта со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските Палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската Тврдина и др, Пешта: Споменикот и плоштадот на хероите; Градскиот Парк, улиците Андраши и Ракочи; Црквата св. Стефан, мостовите на Дунав како и прошетка низ центарот на градот по улицата Ваци… Посета на трговски шопинг  центар  “Арена Плаза” – како најголем Сместување во хотел и краток одмор.Факултативна вечера во национален ресторан Чарда  со програма и музика. Ноќевање.

31.12.2023 Појадок. По појадокот целодневен факултативен излет до Виена. Разгледување на градот со водич: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, дворците Белведере и Шенбрун, Виенската опера, катедралата св. Стефан, шарената куќа Хундервасер…Слободно време низ центарот на Виена. Враќање во Будимпешта. Вечерта Дочек на новата 2024 год на плоштад во центарот на Будимпешта. Ноќевање.

01.01.2024 Појадок. Факултативно крстарење со брод со чаша шампањско-по Дунав, како и прошетка низ центарот на градот по улицата Ваци. Поаѓање за Македонија преку Белград, ноќно возење со попатни паузи.

02.01.2024 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА: 10900 ден. за резервации до 01.12, редовна цена 11900 ден.

 

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • сместување во хотел со 3*** на база 2 ноќевања со појадок во Будимпешта
  • разгледување на Будимпешта со локален водич
  • лиценциран придружник на групата

Во цената не е вклучено:

  • здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 ден
  • целодневен излет до Виена и разгледување со водич – 30 еур
  • вечера во национален ресторан Чарда  со програма и музика-35 еур
  • крстарење со брод по Дунав – 20 еур
  • влезници за културно историските споменици

 

Напомена: Рок на пријавување до 01.12.2024 година.
Т. А. Бран Турс ви ја честита Новата 2024 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ

Останати Понуди