НОВА 2025 ГОДИНА ВО БЕЛГРАД

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Нова 2025 година БЕЛГРАД
НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ-ПАНЧЕВО-ВРШАЦ

29.12.24 Поаѓање пред агенција Бран во 00.30 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан: Воениот музеј, Споменикот на победникот… Сместување во хотел. Слободно време за уживање по Кнез Михајлова и други индивидуални активности. Ноќевање.

30.12.24 Појадок. Факултативен целодневен излет до Сремски Карловци кој освен со својата прекрасна архитектура, познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут-ароматично вино со 17% алкохол, кое може да се вкуси во некоја од винариите во Карловци. Притоа со локален водич ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата, фонтаната “Четири лава”… Потоа се продолжува до градот Нови Сад-разгледување со  локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Градското собрание… Слободно време во центарот на Нови Сад. Доцна попладне враќање во Белград. Факултативно свечена вечера со музика. Ноќевање.

31.12.24 Појадок. Факултативен излет до Панчево-град на реките Тамиш и Дунав, во јужниот дел на Банат, каде при разгледот, ќе се видат: црквата св.Ана, Народниот музеј, првата “Вајфертова” пивара на Балканот od 1722год…Потоа се продолжува до Вршац-каде може да се видат: Музејот Конкордија, Стеријната и Градската куќа Магистрат, Вршачката кула, Соборната црква св.Никола…Попладнето враќање во Белград. Вечерта дочек на Новата 2025 г. на плоштад со богата музичка програма со познатите звезди… Ноќевање.

01.01.25 После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Потоа  слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода” и Т.Ш.Ц. “Галерија”. Попладнето поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни или раните утрински часови.

ПРОМО ЦЕНА до 16.12.24=10900ден.,
редовна цена 11900 ден.

Во цената е вклученo:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Вила Панорама 3*
  • разгледување на Белград со локален водич
  • лиценциран придружник за време на патувањето

 

Во цената не е вклученo:

  • здравствено патничко осигурување-300 ден. до 64год.,400ден. до 65-69год,500ден.до 79г.
  • целодневен излет со локален водич до С.Карловци и Нови Сад=20 евра
  • целодневен излет со локален водич до Панчево и Вршац=20 евра
  • крстарење со сплав по реките Сава и Дунав=15 евра
  • туристичка такса 1.5 еур по лице по ден=4.5 еур
  • вечера со жива музика во ресторан 30.12.2024=40евра (салата,предјадење,мешана скара, и неограничени домашни пијалоци) (резер. во агенција)
  • влезници за посетите во локалитетите и другите културно-историски споменици

Напомена: Може да се патува со лична карта или пасош.Рок на пријавување до 25.12.2024.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. БРАН ТУРС Ви ја честита Новата 2025 Година.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс.

Останати Понуди