ХОТЕЛ ДРИМ 4* – СТРУГА
Сместен на самиот брег од Охридското езеро и реката Црни Дрим, во срцето на градот Струга, Хотел Дрим располага со 196 стилски уредени соби и 4 апартмани. Собите се дизајнирани согласно Вашите потреби и преференци и може да одберете помеѓу двокреветни, трокреветни супериор соби, или пак еден од нашите пространи апартмани. Распоредот, големината и местоположбата на хотелот овозможува локации за секој тип на гости и во секоја сезона. Аперитив барот е централниот бар кој се наоѓа во лобито на хотелот. Освен што опслужува пијалоци и храна во самото лоби на хотелот, располага и со тераса со капацитет од 90 седишта, со исклучителен поглед на Охридското Езеро. Плажа барот е поставен на самата плажа пред хотелот. Нуди избор на најмодерни коктели, смути и освежителни пијалоци. Одличен избор за топлите летни денови. Камелија барот е поставен веднаш до отворениот базен и е направен за да може да ги опслужи и гостите кои се на отворениот базен и оние кои се наоѓаат на плажа. Со одличната храна како и преубавиот амбиент, плажата на хотелот е една од најпосетените во градот. Главен ресторан со капацитет од 500 седишта во софистициран банкет стил, главнот ресторан нуди интернационална храна и тематски вечери за гостите од хотелот сервирани во бифе стил. Национален ресторан, во градината на хотелот се наоѓа националниот ресторан Струшки Кепенци кој е а ла карт ресторан. Кујната на ресторанот изобилува со модерни специјалитети приготвени со локални продукти, кои ќе ви овозможат да ја почувствувате уникатноста на македонската традиција. Со капацитет од 100 седишта во кепенците, но и до 500 седишта во останатиот дел од градината, ресторанот нуди релаксирачка, интимна атмосфера за топлите летни ноќи.
299 Е по лице за 3 ноќи во двокреветна соба
329 Е по лице за 4 ноќи во двокреветна соба
ПОЛУПАНСИОН ( Гала вечера вклучена )
30.12.2022
19:00 вечера со музика
31.12.2022
07:00-10:00 Доручек
20:00 почеток на новогодишната ноќ со шампањ
20:00-05:00 Нова Година – гала вечера со жива музика , ди џеј и неограничен пијалок
01.01.2023
06:30-10:00 Доручек
13:00-16:00 Ручек , жива Музика и неограничен пијалок
21.000-04:00 вечера со жива музика и неограничен пијалок
02.01.2023
07:00-04:00 Доручек
- 0-2.99 г во соба со двајца возрасни – бесплатно
- 03-11.99 г во соба со двајца возрасни-50 % попуст
- доплата за еднокреветна соба – 50 %
- трето и четврто лице во соба -30 % попуст
Неограничен пијалок : вино Тиквеш ( црвено & бело ) , локално пиво, тиквешка ракија , коњак, водка џин,узо, пелинковац, безалкохолни пијалоци и вода .