Нова 2023 година
БЕЛГРАД
НОВИ САД – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
31.12.22 Поаѓање за Белград од пред агенција во 00.30 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград во утринските часови. Разгледување на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата,Калемегдан:Воениот музеј,Споменикот на победникот… Слободно време за прошетка по Кнез Михајлова… Сместување во хотел. Вечерта дочек на Новата 2023г. на плоштад со богата музичка програма во најава со Војаж, Нучи, Теодора Џехверович, Марина П. Зера и Газда Паја додека на Београд на води најавени се настапи на Жељко Јоксимович, Јелена Томашевич и Марко Луиз… Ноќевање.
01.01.2023г. Појадок. Факултативен целодневен излет до Сремски Карловци кој освен со својата прекрасна архитектура, познат е и по Фрушкогорското вино познато низ целиот свет Бермут – ароматично вино со 17 % алкохол, кое може да се вкуси во некоја од винариите во Карловци. Притоа со локален водич ќе се посетат: црквата св. Никола, Патријаршијата, фонтаната “Четири лава”… Потоа се продолжува до градот Нови Сад – разгледување со локален водич: Петроварадинската тврдина, улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание,..Слободно време во центарот на Нови Сад. Попладнето враќање во Белград.Вечерта факултативна вечера со музика во ресторан на боемската четврт Скадарлија.Ноќевање.
02.01.2023 Појадок.После појадокот можност за факултативно крстарење со сплав по реките Сава и Дунав, при што уште еднаш ќе се ужива во убавините на Белград. Потоа слободно време кај новиот комплекс “Београд на вода”, каде можи да се посети и Трговскиот шопинг центар “Галерија” и “Decathlon”.Попладнето поаѓање за Македонија со попатни одмори,пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 6900 ден. За резервации и уплати до 25.11.= 6200 ден.
Во цената се вклучени следните услуги:
– автобуски превоз на дадената релација
– сместување во хотел со 3* – 2 ноќевања со појадок
– разгледување на Белград со локален водич
– лиценциран придружник на аранжманот
Во цената не се вклучени следните услуги:
– здравствено патничко осигурување-200 ден. за лица до 65год.(над 65 г.=300ден.)
– целодневен излет до С. Карловци и Нови Сад – 20 евра
– св.вечера со Тамбурашка музика во Кафана ”Топола”на 01.01=30 еур ( неогран.пијалок )
– крстарење со сплав по реките Сава и Дунав – 15 евра
– влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Напомена: Може да се патува со лична карта или пасош.
Рок на пријавување до 22.12.2022 година
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс.
Т. А. БРАН ТУРС Ви ја честита Новата 2023 Година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.