НОВА 2024 ГОДИНА ВО САРАЕВО

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

НОВА 2024 година во САРАЕВО 

Мостар – Вишеград – Мокра Гора

 

29.12.2023 Поаѓање за Сараево во 20.00ч. преку граничниот премин Табановце, ноќно возење преку Чачак, Ужице со попатни паузи.

30.12.2023 Во утринските часови пристигнување во Сараево и разгледување со локален водич: Народниот театар, Градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Газихусербеговата џамија, Катедралата… Сместување во  хотел БМ со 4*. Слободна вечер во Сараево на – Башчаршија, уживање во стариот град ,каде можете да ги вкусите познатите “ќебапи во лепиња”, “телетина испод саче”,  како и десертот “туфахија”. Ноќевање.

31.01.2023 Појадок. Факултативен излет до Мостар,со попатна посета срушениот-историски Мост од “Битката на Неретва” кај Јабланица. Пристигнување во Мостар- град со многу мостови,  сместен на реката Неретва. Посета на  Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 – 1566 год., 2004 год. ставен под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак со занаетчиски дуќани, саат кулата.. Попладнето враќање во Сараево. Вечерта дочек на новата 2024 год. во ресторан или на плоштад, каде за најлудата ноќ ќе забавуваат групите Забрането пушење, Црвена јабука и др..Ноќевање.

01.01.2024 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” на Емир Костурица. Се продолжува за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено-“Дрвениот град” дело на Емир Костурица, како и единствената туристичка-музејска железница “Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со паузи.

02.01.2024 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

ЦЕНА:7400ден.,за резервации до 01.12.2023г. Редовна цена-8400д.

 

Во цената се пресметани следните услуги:

– превоз со туристички автобус;

– сместување во хотел  БМ со 4* на база 2 н/п https://bminternationalhotel.inn.fan/

– разглед на Сараево со локален водич

– попатни посети на Мокра Гора, Вишеград

– организација и придружник на патувањето


Во цената не е пресметано:

– патничко и здраствено осигурување-без франшиза- 200 ден.до 65год., 350ден. до 70г.

– факултативен излет до Мостар -20 €

– новогодишна вечера со жива музика-31.12.2023г.- 60€

– влезници за културно историските споменици.


Напомена:
 Може да се патува со лична карта или пасош.

Рок на пријавување до 20.12.2023 година.

Т. А. Бран Турс ви ја честита новата 2024 година.

За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

                                                                       

                                                                                                   Т. А.”Бран Турс” – Прилеп   

Останати Понуди