ВРЊАЧКА БАЊА,ЗЛАТИБОР, МОКРА ГОРА И РАФТИНГ на ТАРА
01.08.2019
Поаѓање во 23:00ч. за Србија преку Табановце, ноќно возење со попатни паузи.
02.08.2019
Пристигнување во Врњачка Бања и прошетка низ најпопуларна Бања во Србија. Поаѓање за Златибор – најубавиот летно-зимски центар во Србија, сместување во хотел.
Слободно попладне за уживање на убавините на Златибор. Вечера. Ноќевање.
03.08.19
Појадок. Поаѓање за Мокра Гора, преку Националниот парк “Тара”, каде ќе се посети филмското село на Емир Костурица – Дрвенград – изграден за филмот “Животот е чудо”.Потоа возење со Шарганска осмица – тоа е музејско -туристичка железница со тесен колосек од 760 мм, која е направена од Австро – Унгарија од 1902 г. – 1906 г. па доизградена 1925 г. и така функционира до 1974 г. на релација Белград – Сараево – Дубровник, кога е укината, но повторно е воведена 2003 г. но само на релација Мокра Гора – Шарган Витаси од 15 км. Тоа е една од најубавите траси во светот, низ карпестите снеци, каде пругата прави форма на 8 – ка, поминува низ 22 тунели и 10 мостови и вијадукти. Продолжување за Босна преку Вишеград, каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед П. Соколовиќ. Пристигнување во Камп за рафтинг на реката Тара на граница помеѓу БиХ и Црна Гора, сместување во бунгалови,слободно попладне.Традиционална богата вечера покрај логорски оган.Ноќевање.
04.08.19
Појадок. Факултативно поаѓање на РАФТИНГ при што се добива рафтинг опрема, безбедносни елеци, кацига, неопренски костум и чизми, весло… Превоз со џипови до Брештовице – почетна точка за рафтинг, од каде за неколку часа со специјални чамци се плови низ најатрактивниот дел на реката Тара, притоа освен адреналинскиот рафтинг, се посетуваат водопади, извори, се прават фото – паузи, капење… Враќање во кампот. Ручек со специјалитети од тоа поднебје (за оние кои не одат на рафтинг, можат времето да го поминат во прошетки по брегот на реката Дрина, пливање…) Заминување за Македонија…
05.08.19
Пристигнување во Прилеп во утринските часови.
ЦЕНА: 6600,оо ден.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел во Златибор – 1 полупансион
– 1 пансион во камп со бунгалови во 1/2, 1/3, 1/4 (со заеднички санитарен јазол – твц)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– патничко здравствено осигурување – без франшиза – 200 ден.
– рафтинг со чамци, со комплет опрема и инструктори 30 еур, деца до 14 год. – 20 еур
Т. А. Бран Турс