Велигден на КРФ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

   Велигден на КРФ

Крф е преубав остров на делот на Јонскиот архипелаг во Грција, со бујна вегетација, преубави плажи, архитектура, живописни села…Најубавиот начин на прослава на Велигден е на Крф.

03.05.2024 Поаѓање за Крф во 00.15 ч. од пред агенција, ноќно патување со попатни одмори. Во утринските часови пристигнување во Игуменица. Пловидба со брод до островот Крф. Планирано пристигнување во претпладневните часови. Сметување во студија и апартмани во Кавос. Слободно време за одмор. Потоа се поаѓа према центарот на градот, каде се следи церемонијата со изнесување на епитафите од црквата Св. Ѓорѓи и од другите цркви во градот пратено од хорска музика, плех  оркестри и групи од девојчиња со корпи цвеќе – симбол на островот. Сето тоа трае до 21 ч кога излегува и последниот епитаф од Митрополијата, пратен од звуците на големиот хор на Митрополијата, следејќи ја таа несекојдневна процесија – оплакувањето на Христос. Враќање вo Кавос. Ноќевање.

04.05. Поаѓање за градот Крф каде претпладнето започнува процесијата големата поворка со житијата на епитафот на патронот и заштитник на островот Св. Спиридон. Поворката се движи во ритам на тажен мелос на композициите од познати италијански композитори, за на крајот да заврши со посмртниот марш од Бетовен. По завршувањето на последната поворка, околу 11 ч  се случуваат два локални обичаи Пилина и Мастело.Факултативен излет до Палеокастрица– живописно место на северниот дел дел од Островот. Попатно се посетува фабрика за пијалоци и слатко од овошјето Кум – кват, кое расте единствено на островот.Враќање во студијата. Околу 22 ч. се поаѓа према градот, каде на големиот плоштад, најголем во цела Грција, се очекува величествениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Во тие моменти градот е осветлен од илјадници луѓе со свеќи во рацете, а небото го краси импозантен огномет, а сето тоа ги полни очите и срцата на луѓето. Враќање вo Кавос. Ноќевање.

05.05. Прв ден Велигден – ден на радоста, по улиците е живо и весело, се јаде, пие и нормално неизбежното кршење на јајца. Слободно време во градот Крф, како и факултативна посета на Ахилеон-палатата на австроунгарската принцеза позната како-Сиси. Поаѓање со брод за Игуменица, а потоа продолжување со автобус за Македонија. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.

ЦЕНА: 7400ден.(119 еур) за резервации и уплати од 30% до 01.04.24

Редовна цена : 8400 ден. – студиа и апп.                      .     

        Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички автобус на дадената релација
  • 2 ноќевања во студиа и апартмани – Sandy beach Studios Agios Petros , Kavos
  • разгледување на градот Крф
  • превоз со траект Игуменица – Крф – Игуменица
  • реализација и водство на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • патничко здравствено осигурување-без франшиза- 200 денари
  • излет до Палеокастритса и фабриката за слатко и пијалоци од овошјето Кумкват- 20еур
  • превоз и влез во палатата Ахилион -20 еур
  • доплата за клима 2 дена х 2 еур =4еур
  • влезници за културно – историските споменици(ако има потреба)

Напомена: Краен рок на пријавување  до 25.04.2024 година.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

Т. А. Бран Турс  Ви ги честита Велигденските празници.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СК

Останати Понуди