СТРУМИЦА-СМОЛАРСКИ ВОДОПАДИ-ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО
28.08.2025
Поаѓање во 07.30 ч. за Струмица, преку Кавадарци, Неготино, Валандово. Пристигнување во Смоларе, посета на Смоларските водопади – сместени на планината Беласица по текот на реката Ломница, висок 39.5 м со прекрасна природа за стигнување до него. Потоа посета на Езерскиот комплекс Лебедово Езеро каде ќе се остани за ручек .Потоа се оди за Струмица – градот под Царевите кули, посета на Црквениот комплекс “Свети петнаесет тивериеполски маченици“-посветена на Петнаесетте маченици, каде се наоѓа чудотворната икона на Пресвета Богородица- „Брзопослушничка”. Манастирот е на списокот на Културно наследство на Македонија. Слободно време за прошетка низ центарот на Струмица. Доцна попладнето поаѓање за Прилеп и пристигнување во вечерните часови.
Цена: 690 денари
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација (автобусот е опремен со тв, клима…)
– организација на екскурзијата
Во цената не е вклучено:
– ручек: (шопска салата, главно јадење:пилешки стек со гарнир)= 450 ден.
Поминете уште едно незаборавно доживување со Т.А. Бран – Прилеп.