ЗА НАС

ALL-TEAMТуристичка агенција „Бран“ е оформена и започна да работи од 1992 година.

За успешната работа и развој најзаслужни се вработените во оваа агенција кои многу професионално и доследно ги извршуваат своите обврски.

Агенцијата поседува лиценца „А“

На Ваше располагање Ви стоиме со 8 туристички автобуси и еден мини бус со 25 седишта, истиот се користи за сопствени потреби но се издава и под наем во земјата но и за во странство.

Главна и идејна цел на агенцијата е развојот пред се на домашниот и странски туризам, преку организирање на патувања во Европските метрополи (Рим, Барцелона, Париз, Будимпешта, Лондон, Минхен и др.) ученички екскурзии, екскурзии за работници, крстарења, и се разбира летувањата до најпознатите летувалишта во земјата и странство.

Сите патувања се покриени со организирано хотелско и приватно сместување.

 

Туристичка агенција „Бран“ исто така издава и патничко осигурување кое му е задолжително на секој оној што мисли да патува, независно дали користи превоз од агенцијата или сопствен превоз.

Оној што патувал со нас знае зошто сме најдобри, и Вие дојдете и уверете се.

БРАН  е секогаш тука за Вас.