Нова 2026 г. во
ДУБРОВНИК -МЛИНИ – ЦАВТАТ
МЛИНИ е туристичко место кое е во изобилие на мирисни паркови,чисто море,убави плажи, а близината од 5 км до Дубровник и до Цавтат – го прават Млини бисер на Дубровничкото крајбрежје и атрактивно место за одмор. Сребрено и Купари се поврзани со Млини, па сите заедно претставуваат еден од најдобрите туристички комплекси на Дубровничката ривиера.
1 ден. 30.12.2025 Поаѓање од пред агенција Бран во 21.00 ч.-со туристички автобус,преку Тирана,Драч,Будва,Тиват-Камењари со траект или на Котор.
2 ден. 31.12.2025 Приестигнување во Млини во утринските часови, сместување во соби
1-ва категорија,студија и апартмани-околу 13.00ч.Попладнето , излет до Дубровник, со јавен автобуски превоз,прошетка во стариот дел на градот, при што ќе се видат: Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, црквата св.Влах, Катедралата, Гундуличевата пољана…. Уживање во Божиќното расположение за дочек на Новата 2026г. на плоштадот во Дубровник , каде ќе настапи легендарниот музички маѓионичар ДИНО МЕРЛИН. По полнок враќање во Млини. Ноќевање.
3 ден 01.01.2026 Слободно време за прошетка во стариот дел на Млини-по шеталиштето, каде ќе се ужива во прекрасните паркови,градини,вили,викендици.Од културните знаменитости ќе се видат :црквите св.Рока и св.Дух,ќе се видат остатоците од старите Млинови на реката Завреље…Тоа е прекрасна можност за уживање покрај брегот на Јадранското море. Вечерта можност за повторна посета на Дубровник каде ќе настапува музичката Хрватска звезда Петар Грашо.По полноќ враќање во Млини.Ноќевање.
4 ден. 02.01.2026 Слободно време за добар шопинг во SUB CITY MALL &SUPERMARKET во Млини.Околу 12.00ч. поаѓање за Македонија, со попатна посета на Цавтат,каде можете да уживате во прекрасни палати и резиденции на поморци и бигаташи, кафе барови, јахти и бродови…Продолжување за Македонија преку Црна Гора и Албанија, со попатни паузи.
5 ден. 03.01.2026 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
Промо Цена: 7600 ден.за резервации до 01.12.2025.(бројот е ограничен)
Редовна цена = 8600 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- туристичка такса
- 2 ноќевања во вили во 1/2,1/3,1/4-соби,студиа и aпартмани во Млини и Сребрено.
- придружник и организација на патувањето
Во цената не е вклучено:
- патничко здравствено осигурување –без франшиза -250ден. до 65г., 500 од 65-70г.)
- посета на Дубровник со градски автобус за дочек на Н.Г. за Дино Мерлин 31.12+-5еур
- излет до Дубровник-втора вечер 01.01.2026г. за Петар Грашо +- 5 еур
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За хигиената во студијата за време на престојот се грижат самите клиенти.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА Бран турс и СКТМ.


