РАФТИНГ на ТАРА
ШАРГАНСКА ОСМИЦА-ТРЕБИЊЕ
01.08.2026 Поаѓање во 23:00ч.,се патува преку г.премин Табановце ноќно возење со паузи.
02.08.2026 Во утринските часови пристигнување во Мокра Гора– од каде со Шарганска осмица имаме возење со возот „Ќира“ , т.е. сега „Носталгија“.Тоа е ремек дело,тоа е најатрактивна музејско -туристичка железница со тесен колосек од 760 мм, која е направена од Австро-Унгарија од 1902 г.-1906г. Од Мокра Гора до станицата Шарган Витаси, „Носталгија“ поминува низ 22 тунели, повеќе мостови, низ недопрена природна убавина. Продолжување за Босна преку Вишеград,-ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед П. Соколовиќ. Продолжување за Фоча-град со богата историја-прошетка во центарот на градот, слободно време за ручек. Продолжување до Кампот за рафтинг на граница помеѓу БиХ и Ц.Гора.Сместување во бунгалови.Богата вечера на база шведски стол. Ноќевање.
03.08.26 Појадок. Ден за РАФТИНГ на реката Тара,при што се добива рафтинг опрема, безбедносни елеци,кацига,неопренски костум,чизми,весло..Превоз со џипови до Брештовице, почетна точка за рафтинг,од каде со специјални чамци се плови низ најатрактивниот дел на реката Тара,притоа освен адреналинскиот рафтинг,се посетуваат водопадите-Шипчаница,се прават фото-паузи,капење.Тиркизно сина вода,моќни брзаци,спектакуларни кањони,природа што остава без здив….Ова не е обично патување ова е експлозија од, емоции и незаборавни моменти на двете најпознати реки на Балканот Тара и Дрина!Враќање во кампот. Ручек. Слободно попладне во кампот, со можност за прошетки низ прекрасната околина.Богата вечера од домашни специјалитети покрај логорски оган со музика. Ноќевање.
04.08.26 Појадок.Заминување за Националниот парк Сутјеска,посета на Спомен-комплексот Тјентиште – изграден во спомен на паднатите војници од Битката кај Сутјеска, од 1943г. Потоа се продолжува до Требиње.Разгледување со локален водич:Џамиите „Султан-Ахмед“ и „Осман-Паша“, „часовната кула“,Стариот градски „Кастел“, мостот Перовиќ (Арслан-Агиќ-го изградил Мехмед-паша Соколовиќ во 1574 г.), Чинарите – еден од најпрепознатливите симболи на Требиње.Летната градина Платани е оаза во топлите денови со над 120-год. дрвја ,природни сенки од 16 планински чинари. Заминување за Македонија преку Подгорица, Скадарско езеро, Тирана…Ноќно возење со попатни паузи.
05.08.2026 Пристигнување во Прилеп во утринските часови.
ЦЕНА=(199еур) 12300 ден. до 10.07. Деца со родители 07-14г.=(161еу)9990д.
Во цената е вклучено:
- превоз со туристички автобус на наведената релација
- сместување во Рафтинг Тара-Камп Ивона во 1/2,1/3,1/4 бунгалови=2 ПП (2 појадоци и 2 вечери )+ручек + рафтинг со чамци,со комплет опрема и инструктори и осугурување.
- организација на аранжманот и придружник на групата
Во цената не е вклучено:
- патничко здравствено осигурување-без франшиза-250 ден.-до 65год.,400ден.од 65-70г
- доплата од 10 еур по лице по ноќ во бунгалов за со сопствено купатило.
- возење со Шарганска осмица(Мокра Гора-Шарган Витаси-Мокра Гора)-15 еур(рез.во Бран)
- задолжителна доплата од 10еур за тур.такса ,посета и разглед на Требиње со локален водич
- влезници за културно-историски споменици,
- Напомена: за оние кои не сакаат да одат на рафтинг , од цената се одбиваат 2170ден(35еур)
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување и уживање


