СОКО БАЊА
Ниш – манастирите св.Роман и Ѓунис
23.10.26 Поаѓање во 05.00 ч од Прилеп преку граничниот премин Табановце. Пристигнување вo Ниш – најголемиот град во Јужна Србија каде вреди да се посетат: Нишката Тврдина од 17 век, Череп Кулата созидана со глави на српските востаници – (952 глави сега останати 58), нацистичкиот логор од II св. војна, казанџиското сокаче – стариот дел на градот од 18 век… Продолжување за Соко Бања, сместување во студиjа и апартмани. Слободно време во центарот на Соко Бања со можност на користење на бањите на Соко Бања. Ноќевање.
24.10.26 Ден за доживување на убавините на Соко Бања, позната по рекреативниот и бањски туризам. Слободно време за прошетка низ прекрасниот парк во центарот на градот каде се наоѓа Милошевиот конак, турското купатило “Амам “ од XV век.. За љубителите на рекреативниот туризам, уживајќи во убавините на кањонот на река Моравица, по патеката на здравјето, посета на излетничкото место Лептерија и средно вековниот град – Соко Град. Можност за користење на бањите во Соко Бања. Факултативна вечера. Ноќевање.
25.10.26 Поминувајќи покрај Бованското езеро и Алексинац се оди за манастирот Св. Роман-храм посветен на Благовештение на Пресвета Богородица од 11-ти век.Во него монахот Роман – ученик на Свети Климент Охридски го поминал својот живот исполнет со подвизи и чуда, за на крај да биде прогласен за светител после неговата смрт. Гробницата на св. Роман со неговите мошти се наоѓа во јужниот дел на црквата Многубројни се примерите каде се услишени молитвите пред светите мошти. Свети Николај Велимирович го нарекува Роман Моравски и за него има напишано: Со неговите молитви слепите гледаат, глувите слушаат, сакатите проодуваат, обземените со лошите демони се прочистуваат….Заминување од св.Роман за Манастирот Ѓунис со црквата Покров на Пресвета Богородица,тој е женски манастир кој се наоѓа во истоименото село Ѓунис. Ова свето место е откриено на 24 Јули 1898 г. кога Пресвета Богородица се јавила на 13 годишната Милојка Јоциќ, фрлајќи стомна со вода на камен, благословувајќи го изворот од кој потекла вода и за кој прорекла дека ќе исцелува болни и го посочила местото каде треба да се изгради црква. Каменот денес се наоѓа во малата црква подигната 1934 г. по благослов на Светиот владика Николај. Потоа се продолжува за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
Цена : 6200 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација,
- посети на Ниш, манастирите св.Роман и Ѓунис
- 2 нокевање во соби 1 категорија и студија во Соко Бања (секоја соба со купатило)
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- патничко здравствено осигурување – без франшиза – 200ден. до 65 г. и 300д. Над 65г.
- факултативна вечера во ресторан – евра
- доплата за еднокреветна -50 евра
- влезници за културно историските споменици
Рок на пријавување до 01.10.2026
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А Бран Турс и НАТА.


