ВРЊАЧКА БАЊА
ЖИЧА – ПРИШТИНА
Најголема, најпопуларна Бања позната уште кај старите Римјани по своите лековите својства, исполнета со цветни градини и паркови, со термо минералните извори: Снежник, Топол извор, Слатина, Езеро кои се лековите за бубрежни, гинеколошки, кардиоваскуларни, реуматични, костозглобни и др. заболувања…
20.03.2026 Поаѓање во 05.00 ч. од пред агенција. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во Врњачка Бања и сместување во хотел. Попладнето разгледување на знаменитостите на градот: Замокот на културата на Белимаркович од 1886 г. изворот Топла вода, мостот на Вљубените, маскотата Гочко и др. Ноќевање.
21.03.2026 Појадок. Полудневен факултативен излет до манастирот Жича – место каде се крунисувале многу српски кралеви . Враќање во Врњачка бања. Ноќевање.
23.03.2026 Појадок.Поаѓање за Македонија преку Косово со попатна посета на Приштина, каде ќе се видат знаменитостите: Сахат кулата, катедралата Мајка Тереза, царската џамија Фатих како и посета на трговскиот шопинг центар – Алби мол. Се продолжува за Македонија преку г. п. Блаце и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 6600 денари–за рез.до 20.02.2026.Редовна цена 7600ден.
Во цената е пресметано:
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување во х. Даница 2*на база 2 н/п
- лиценциран придружник на патувањето.
Во цената не е пресметано:
- патничко здравствено осигурување – 150 ден .
- туристичка такса 1.5 еур по лице по ноќ.Вкупно180ден.-плаќање во агенција
- целодневен излет до манастирот Жича – 10 евра
- влезници за евентуални посети и други неспоменати услуги
Напомена: Патувањето може да биди со лични карти или пасош.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Рок на пријавување до 16.03.2026.
Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита Денот на жената 8 – ми Март
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Tурс и СКТМ.


