САРАЕВО
Мостар – Вишеград – Мокра Гора
05.03.2026 Поаѓање за Сараево во 18.30 ч преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.
06.03.26 Во утринските часови пристигнување во САРАЕВО-таканаречен „Ерусалим на Балканот“ е еден од само неколкуте европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство.Разгледување на градот со локален водич:Народниот театар, градското собрание,па преку реката Миљацка до Инат куќа, па се продолжува пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величенствената Газихусербегова џамија-влез во двор, Катедралата…. Сместување во хотел. Слободно попладне на Баш Чаршија –можност за вкусување на Сараевски бурек,ќебапи во лепиња,десерт-Туфахија…Ноќевање.
07.03.26 Појадок. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на изворите Врело Босне, и на Мостот на Неретва – познат од 2 – та светска војна од Битката на Неретва. Пристигнување во Мостар каде се посетува Стариот мост на Неретва – симболот на градот.слободно време за ручек:Јагнешко под саќе,уштипци-питулици,десерт Баклава…. Попладнето враќање во Сараево. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.
08.03.26 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“ на Иво Андриќ,изграден од Мехмед Паша Соколовиќ.Воедно го посетуваме и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград. Потоа продолжување за Мокра Гора–станицата, каде ќе се види единствената туристичка – музејска железница “Шарганска Осмица”. Продолжување за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
09.03.26 Пристигнување во Македонија во утринските часови.
ЦЕНА: 7600 ден. за резервации до 30.01.2025
РЕДОВНА ЦЕНА 8600ден.,
Во цената е вклучено:
- превоз со туристички автобус на дадената релација
- сместување во хотел BM со 3* на база 2 ноќевања со појадок
- разглед на Сараево со локален водич
- попатна посета на Андрич град,Вишеград,Мокра Гора-Шарганска осмица
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
- патничко и здраствено осигурување – без франшиза – 250 ден до 65 год, 400ден 65-70год.
- туристичка такса 1 еур по лице по ден – се плаќа во агенција;
- факултативен излет до:Врело Босне,Мостот на Неретва, Мостар -25 еур
- факултативна вечера во ресторан со музика – 30 еур
- влезници за културно историските споменици(Врело Босне 3-4 еур),
Напомена: Рок на пријавување до 01.03.2026 година.
Минимален број за факултативните излети е 50% од патниците
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. БРАН ТУРС Ви го честита 8 – ми Март – денот на жената.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Турс и СКТМ


