НОВА 2025 година
ДУБРОВНИК-БУДВА-КОТОР-ХЕРЦЕГ НОВИ
30.12.2024 Поаѓање пред агенција во 23.00 ч. со автобус преку Албанија,ноќно возење со попатни паузи.
31.12.2024 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови. Попатно се поминува покрај брегот на Јадранското море: Улцињ, Бар, Суто Море, Бечичи, Св.Стефан со панорамски поглед на овие прекрасни туристички места, а потоа пристигнување во Будва. Прошетка во стариот дел на градот, каде можат да се видат: црквите Св. Иван, Св. Марија, зидините на Стариот град, пристаништето со јахти… Сместување во соби со засебно твц, студиа и апартмани. Слободно попладне за индивидуални прошетки во Будва . Вечерта дочек на Новата 2025г. на плоштад во Будва каде е најавено да настапи Владо Георгиев. Ноќевање.
01.01.25 Факултативно целодневен излет до Дубровник, преку Котор или Тиват со траект. Пристигнување во Дубровник и разгледување на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, Палатата Спонза, цр. Св. Влах, Катедралата…. Враќање во Будва. Вечерта забава на плоштадот во Будва со Дино Мерлин. Ноќевање.
02.01.25 год. Слободно предпладне за индивидуални прошетки во Будва.Факултативен излет до прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат: Средновековната тврдина-Сан Џовани,, во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св. Трифун,Поморскиот музеј и на крај кафе пауза во еден од многуте кафе барови во Стариот град во Котор.Потоа посета на ТИВАТ– монденското пристаниште Порто Монтенегро, спој на природна убавина и човечки ресурси.Попладнето поаѓање за Македонија , пристигнување во Прилеп во доцните вечерни (ноќни) часови.
ПРОМО ЦЕНА до 30.11.24=5900ден.
Редовна цена 6900 ден.
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација
– 2 ноќевања во соби, студија и апартмани во Будва (вила Краљ,Чкуљевич…)
– организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– патничко здравствено осигурување(без франшиза) 250ден. до 64г., 300ден 65-69год., 400ден. 70-79год.
– туристичка такса 1 евро по лице од ноќ.
– факултативен целодневен излет до Дубровник=25евра
– факултативен полудневен излет до Котор и Тиват=10евра
– влезници за културно историските споменици
Напомена: Рок на пријавување до 24.12.2024 година.
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Т. А. БРАН ТУРС – Прилеп Ви ја честита Новата 2025 година.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран Tурс и СКТМ.