БОЖИЌЕН МАРКЕТ во ДРАМА
и посета на КАВАЛА
22.12.2024 г.
Поаѓање во 06.00 ч од Прилеп за Кавала преку Гевгелија. Пристигнување во Кавала околу 11.00ч, разглед на градот: тврдината, Имаретот изграден во 1817 г – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али – основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Слободно време во центарот на Кавала – покрај море за да се ужива во украсениот дрвен Брод поставен во централниот плоштад, кој е украсен со илјадници шарени ламбички, како и да се ужива во мирисот на традиционалните божиќни слатки “ гурабии“ и “melamakarono“ – колачи со ореви полиени со сируп, во убавите грчки слаткарници. Поаѓање за Драма со попатна посета на црквата Свети Лидија со крстилницата во истоменото село. Лидија била првата жена која го примила Христијанството, од каде почнало да се шири во Европа. Пристигнување во Oneiroupoli – Драма на традиционалниот Волшебен Божиќен Парк – кој е вистинска атракција. По повод престојните Божиќни празници целата тематска Божиќна приказна е претставена на 20000 м2: Дрвена куќичка на Дедо Мраз, куќа на самовили, божични штандови на кои се продаваат автентични сувенири и подароци. Во овој период градот живее во весело расположение, музички концерти и претстави, вкусна храна, пијалоци, божиќни колачи. Околу 17.30-18.00ч. поаѓање за Прилеп и пристигнување во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 1400 денари
за деца до 12 гoдини- 1000 денари
Во цената се вклучени следните услуги:
- автобуски превоз на дадената релација
- разгледување на Кавала
- посета на Божиќниот забавен парк во Драма
- посета на црквата св.Лидија со крстилницата
- организација и придружник на патувањето
Во цената не се вклучени следните услуги:
- здравствено патничко осигурување – 80 ден.до 64 год., 180 ден. до 69 год., 400 ден до 79 год.
Напомена: Рок на пријавување до 19.12.2024 година
Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран и СКТМ