ВИКЕНД во БЕЛГРАД и СЛАНИНИЈАДА во Качарево 15/16.02.2025

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВИКЕНД во БЕЛГРАД и
СЛАНИНИЈАДА во Качарево
15/16.02.2025

1 ден  15.02.2025 Поаѓање за Белград од пред  агенција  во  05 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград во предпладневните часови. Панорамско разгледување на знаменитостите на градот: плоштадите Теразије, Славија, храмот Свети Сава, тврдината Калемегдан… Попладнето слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот по улицата Кнез Михајлова.. Сместување во хотел. Слободна вечер или  вечера во ресторанот со жива музика. Ноќевање.

2 ден  16.02.2025 Појадок. После појадокот се оди до најголемата атракција на градот  “Београд на вода“-проект, која за кратко време стана симбол на Београд, каде освен можност за прошетка по Променадата покрај реката Сава, со многу ресторани и барови, може да се посети еден од најмодерните трговски шопинг центри “Галерија”.  Потоа се продолжува за Качарево – каде се одржува една од најголемите гурмански манифестации во Србија СЛАНИНИЈАДА. Посетена од преку 100.000 посетители, учествуваат преку 350 излагачи на: сланина, колбаси, џмиринки, пршути, кулени, свинско и јагнешко печење и многу други месни производи и специјалитети… Попладнето поаѓање за Македонија преку Табановце и пристигнување во Прилеп во ноќните часови.

ЦЕНА:4900ден. за резервации до 01.02.2025

редовна цена 5900 ден.

 

Во цената се вклучени следните услуги:

  •  автобуски превоз на дадената релација
  •  сместување во хотел со 3* – 1 ноќевања со појадок
  •  разгледување на Белград
  •  излет до Качарево на Сланинијада
  •  лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

  • здравствено патничко осигурување – 160 денари до 65 год, 320 ден 65-70 год, 400ден  70-80 год.
  • вечера со жива музика  во ресторанот од хотелот – 35 еур
    Мени:Мешана салата;Предјадење: печеница, пршута, чајна,кулен,кајмак,сирење);Главно јадење:Лесковачки уштипци,кебапи, колбас , пилешко филе);неограничен пијалок.
  • влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.
Напомена: Рок на пријавување  до 10.02.2025 година.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран и СКТМ.

Останати Понуди