ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ДО
ГАЛИЧНИК – на ГАЛИЧКАТА СВАДБА
13.07.2025
13.07.25 Поаѓање во 06.30 ч со туристички минибус преку М. Брод – Кичево, Маврово за Галичник , со попатна пауза на превојот Стража за појадок на “Мекиците од Стража”. Продолжување за Галичник – центарот на Мијачијата – место со недопрена природа на падините на Бистра планина, чии куќи се со интересна Галичка архитектура – ремек дело на градителската мијачка рака. Галичник во почетокот на 20 век броел 3-4000 жители, чие главно занимање било сточарството а одтаму и познатиот Галички кашкавал и бело сирење. Но, со миграциите, селото е испразнето и сега е само туристичка атракција, па денес има само еден жител преку зимата а 50 – 60 луѓе преку летото. Овој крај прв го обесмрти Григор Прличев со поемата “Сердарот”, а најславните жители се: резбарот Макарие Фрчкоски, Ѓорѓи Пулевски – Македонски деец и војвода, пејачот Александар Сариевски, Партениј Зографски, сликарот Лазар Личеноски… Секоја година на Петровден се одржува “Галичката свадба” – богата свадба со многу оригинални обичаи и ритуали, се игра “Тешкото” оро што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.
Попладнето враќање за Прилеп преку Кичево, Македонски Брод со попатна пауза на превојот Стража. Пристигнување во Прилеп во вечерните часови.
ЦЕНА : 690 денари
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација со минибус ( опремен со клима)
- организација на екскурзијата
Екскурзиите ги изведуваме со туристички автобуси и минибуси, опремени со тв, двд, аудио опрема и клима.
Преку 60 години галичка свадба,традицијата продолжува.
Поминете уште едно незаборавно доживување со Т.А. Бран – Прилеп.
Т. А. “БРАН” Прилеп однапред Ви се заблагодарува на довербата.
Т. А. “БРАН” – Прилеп