МЕТЕОРА и ТРИКАЛА Божиќен Забавен парк 15.12.24

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

МЕТЕОРА и ТРИКАЛА

Божиќен Забавен парк

15.12.2024

15.12.2024 Поаѓање во 5 часот пред агенција Бран, се патува преку граничниот премин Меџитлија – Ники, преку Птолемаида – Гревена со попатни паузи. Пристигнување на Метеорите, област Тесалија, која ја красат гигантски карпи, на кои се изградени средновековни Манастири со висина од 100 – 150 м. Некогаш Биле 24, но денес се активни само 4 – 5. Ќе се посети најголемиот манастир Голема Метеора и еден од најубавите манастири – Варлаам. Потоа се оди за Трикала каде секоја година се одржува манифестација по повод Божиќните празници, каде има Волшебен Божиќен Забавен парк за деца но и за возрасни. Таму ќе се видат: Куќата на Дедо Мраз, Куќата на џуџињата, на самовилите, фабрика за чоколади, слаткарница, пошта, музеј и пазар на печурки, бунар на желби, лизгалиште… Попладнето околу 18.00 часот поаѓање за Македонија и пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА 1350 ДЕНАРИ

Деца со родители до 12 години – 1000 денари

Во цената е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација
  • лиценциран придружник на екскурзијата

Во цената не е вклучено:

  • задолжително патничко здравствено осигурување = 80 ден.до 65 год., 160 ден. до 70 год. и 400 ден. до 80 год.
  • Влезници за манастирите се плаќаат на лице место.

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран и СКТМ.

Т. А. Бран – Прилеп

Останати Понуди