ВИЛА ФИЛИПОС – ЛЕПТОКАРИЈА
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.
Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз)
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употреба на клима уред (ac+) во FILIPOS се доплатува во објектот (7 €/на ден, каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 2 € (се плаќа во објектот).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. Задолжително е патничко осигурување
Цена за превоз: 2600 ден. повратен билет. За деца до 14 год 1800 ден
Автобуски превоз: 05:00 ч, Прилеп – Лептокарија Враќање: 13:00 ч. по локално време
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден: Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент.
2 – 7 ден: Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции, екскурзии и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден: Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз, во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ
– Студио бр.1, тип 1/2+ехb (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm). Поглед кон улица, задна страна.
– Студио бр.2, тип 1/2+ехb (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm) Поглед кон соседна вила
– Студио бр.3, тип 1/2+ехb (еден брачен кревет со ширина 130 cm и еден единечен кревет 100 cm) Поглед кон улица, кон задна страна.
– Студио бр.4, тип 1/2+ехb Long Balcony (еден брачен кревет со ширина 125 cm и еден единечен кревет 100 cm) Поглед кон соседна вила
– Студио бр.5, тип 1/2+ ехb Long Balcony (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm) Поглед кон соседна вила, предна страна.
– Студио бр.6, тип 1/2+ ехb Long Balcony (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm) Поглед кон соседна вила, предна страна.Сите студија се на приземје и опремени со кујна со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV и клима, маса и столчиња, ( соодветно на бројот на кревети). Прозорот е од балконската врата, нема комарник, но има ролетна, тенда и завеса. Тоалетот е со туш директно на плочки, вентилација или прозор во самиот тоалет.