Условите за патување во Грција

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани патници 👨‍👧‍👦

Условите за патување во Грција 🇬🇷 не се променети.
Грчки официјални лица изјавија дека Грција повеќе нема средства или планови да ја затвори земјата.
Разгледуваните ограничувања се однесуваат на невакцинираното Грчко население.
Правилата во врска со патувањето на островите (обврска за потврда на вакцината или негативен тест) беа донесени поради грчкото население, бидејќи се претпоставува дека туристите ја имаат целата потребна документација. Сепак, и локалното население се движи, патува на островите, па сега им е обврска да направат негативен тест (брз или антигенски) доколку не се вакцинирани за да се качат на траектот до островот. Според наше мислење, сосема е фер што и туристите и локалното население имаат исти услови за патување до островите.
Нашите медиуми го претставуваат секој весник во Грција како напад врз туристи, сепак, тоа не е случај и не се однесува за туристите.
Грчката влада се занимава со решавање на нејзините внатрешни проблеми, пред се со ниската стапка на вакцинација и запирање на ширењето на вирусот, пред се за ширењето да не влијае негативно на туризмот.
Грција и грчкиот народ сакаат туристи оваа година, повеќе од кога било.
Значи не се споменува за никакво затворање на границите во кој било контекст.
Сепак Македонските туристите влегуваат во Грција со негативен тест или со сертификат за вакцина, што допринесува за дополнителена заштита и сигурност.

Се гледаме на море🌊 🏝🏖🌞

Останати Понуди