ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА
КАПЕЊЕ И УЖИВАЊЕ во
К А В А Л А
24.08.2025
Поаѓање од пред агенција БРАН во 04.00 часот за Грција. Пристигнување околу 11.00 часот во Кавала еден од најубавите грчки градови, кој многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен према морето, сонцето и кон месечината. Слободно време за капење и уживање на долгата песочна плажа (Rapsani beach) и кристално чистото море, со голем број на ресторани, барови, продавници. Во слободното време можност за прошетка во стариот град, тврдината, Имаретот изграден во 1817 г – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али – основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Попладнето околу 19.00ч. по грчко време заминување за Македонија, и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 1350 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
– превоз со туристички автобус на наведената релација
– организација на екскурзијата
Во цената не е пресметано:
– групно патничко здравствено осигурување без франшиза – 80ден. за лица до 65г.;160ден. за лица од 65-70год.;400 ден. за лица над 70 год..
Т. А. БРАН ви се заблагодарува на довербата.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран.