КОНЦЕРТИ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ-02, 03 И 04 ЈУНИ 2025 СКОПЈЕ

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ИЗВЕТУВАЊЕ:
Ве известуваме дека одложените три распродадени концерти на Здравко Чолиќ ќе се реализираат на 2-ри, 3-ти и 4-ти ЈУНИ 2025 година, во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

За оние кои поради оваа промена сепак не можат да присуствуваат на концертот, ќе биде овозможена рефундација на билетите. Ве замолуваме, барањата за рефундација да се достават од 26-ти март до 5-ти април во ТА Бран , а рефундацијата на средствата ќе се реализира од 8-ми до 15-ти април.
Влезници не треба да се заменуваат и истите важат соодветно за новите датуми, односно:
• Билетите за концертот кој требаше да се одржи на 18 март, сега важат за првиот концерт, на 2 јуни 2025 (понеделник) во Арена „Борис Трајковски“;
• Билетите за концертот кој требаше да се одржи на 19 март, сега важат за вториот концерт, на 3 јуни 2025 (вторник) во Арена „Борис Трајковски“;
• Билетите за концертот кој требаше да се одржи на 21 март во СЦ „Јане Сандански“, сега важат за третиот концерт, на 4 јуни 2025 (среда) во Арена „Борис Трајковски“. За овој концерт, билетите важат со истиот распоред на седење бидејќи истиот распоред е соодветно прилагоден и во новата локација.
Концертите на Здравко Чолиќ беа одложени по ужасната трагедија во Кочани. Нашите мисли и понатаму се постојано со семејствата на настраданите и повредените, а во знак на поддршка и помош, дел од средствата од овие концерти ќе бидат донирани за нив.

КОНЦЕРТИ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СО СИМФОНИСКИ ОРКЕСТАР-СКОПЈЕ
02.06.2025 / 03.06.2025 / 04.06.2025

Поаѓање во 16.оо часот пред агенција со автобус/минимус за Скопје. Попатна пауза за кафе, продолжување и пристигнување во Скопје. Слободно време за индивидуални активности и посета на Т.Ш.Ц. “City Mall”. Поаѓање кон арената Борис Трајковски и следење на концертот. По завршување на концертот поаѓање за Прилеп и пристигнување во доцните вечерни часови.

 

 

Автобуски превоз  ПрилепСкопјеПрилеп=600 ден.

 

 

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА
Т.А.БРАНПРИЛЕП

Останати Понуди