ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА
Маврово-Ман. Св. Јован Бигорски–Манастир Рајчица
Вевчански извори – Охрид
01.06.2025
Поаѓање во 07.00 од пред агенција Бран, се патува преку Мак.Брод, Кичево, со попатна пауза за појадок на превојот Стража, во сопствена режија во познатиот ресторан “Мекиците од Стража”. Се продолжува за Националниот Парк Маврово, се поминува покрај Мавровското езеро, со прекрасна панорама, па по течението на Смарагдната река Радика, живописниот кањон низ планините Бистра и Кораб, се посетува Манастирот Св.Јован Бигорски. Манастирот е изграден 1020 год., изграден на карпа од бигор, посветен на св.Јован Крстител. Потоа посета на прекрасниот манастир во село Рајчица – женски манастир со црква посветена на св. Ѓорѓи Победоносец. Потоа преку Дебар, долж Македонско- Албанската граница, покрај Дебарското езеро, ХЕЦ Шпиље се пристигнува во Вевчани. Посета на Вевчанските извори. Слободно време за ручек во ресторан Кутмичевица. Продолжување за Охрид и слободното време за уживање по кејот на Охридското езеро и старата Охридска чаршија. Доцна попладнето поаѓање за Прилеп и пристигнување во вечерните часови (19.00ч).
Цена : 690 ден.
Цената вклучува:
- автобуски превоз на дадената релација
- водство и организација на екскурзијата
Доплата за ручек во Вевчани 600 ден. (салата,пита и сирење, главно јадење- (свинска тава со печурки) , рестован компир,леб.)
Поминете уште едно незаборавно доживување со Бран – Прилеп. Ви благодариме на довербата
Т.А. БРАН- Прилеп