СТРУМИЦА-СМОЛАРСКИ ВОДОПАДИ-ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО 28.08.25

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

СТРУМИЦА-СМОЛАРСКИ ВОДОПАДИ-ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО
28.08.2025

 

Поаѓање во 07.30 ч. за Струмица, преку Кавадарци, Неготино, Валандово.  Пристигнување во Смоларе, посета на Смоларските водопади – сместени на планината Беласица по текот на реката Ломница, висок 39.5 м со прекрасна природа за стигнување до него. Потоа посета на Езерскиот комплекс Лебедово Езеро каде ќе се остани за ручек .Потоа се оди за Струмица – градот под Царевите кули, посета на Црквениот комплекс “Свети петнаесет тивериеполски маченици“-посветена на Петнаесетте маченици, каде се наоѓа чудотворната икона на Пресвета Богородица- „Брзопослушничка”. Манастирот е на списокот на Културно наследство на Македонија. Слободно време за прошетка низ центарот на Струмица. Доцна попладнето поаѓање за Прилеп и пристигнување во вечерните часови.

 

Цена: 690 денари

 

Во цената е вклучено:

– автобуски превоз на дадената релација (автобусот е опремен со тв, клима…)
– организација на екскурзијата

 

Во цената не е вклучено:
– ручек: (шопска салата, главно јадење:пилешки стек  со гарнир)= 450 ден.

 

Поминете уште едно незаборавно доживување со Т.А. Бран – Прилеп.

Останати Понуди