КРСТАРЕЊЕ околу СВЕТА ГОРА (АТОС)
29.08.2026
Поаѓање во 00.30 ч. од пред агенција Бран со туристички автобус преку Битола,Воден, Солун до Света Гора(Атос) на Халкидики. Пристигнување во преддворјето на Света Гора во Каково-метох на манстирите Хиландар.Тоа е најзначајниот манастир на Манастирите Хиландар надвор од Света Гора, а можат да го посетуваат и жени.Тоа е оаза на убавина и спокој.Во манастирот може да се купат икони,восочни свеќи, темјан,манастирко вино,ракија, маслиново масло и др. По посетата се продолжува за УРАНОПОЛИС. Уранополис е мало, шармантно гратче на полуостровот Халкидики и последната точка пред влезот во Света Гора. Уранополис е познат по својата Византиска кула Просфорион од 14 век, прекрасно пристаниште и мирната атмосфера, од каде започнува крстарењето околу манастирите на Атос .Тоа е вистинско духовно доживување на Света Гора, нејзините тајни и убавините на Егејското море, со многу величествени пејсажи и моменти за прекрасни фотографии.Ова е прекрасна летна авантура која секој ќе ја памети засекогаш.
Крстарењето со брод околу Света Гора започнува во 10.00 часот од Уранополис. На крстарењето ќе има водич кој што ќе презентира за секој манастир подетално. Додека крстарите ќе се видат 8 манастири –а се доближува на околу 500м. од нив, при што ќе ја доживеете магијата на манастирите во една вистинска духовна смисла. Крстарењето трае околу 3 часа. Враќање во Уранополис некаде околу 13:30 и слободно време за ручек и др. инвидиуални активности, како капење, посета на кулата Просфорион… Попладнето околу 17.30 по Грчко време, заминување за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
Промо ЦЕНА: 1800 ден. Редовна цена 2000д.
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- превоз со туристички автобус на наведената релација;
- организација и придружник на патувањето.
Во цената не се вклучени следните услуги:
- патничко здравствено осигурув.-80ден за лица до 65г.,160д.за лица до-70г
- крстарењето со брод -20 еур (резервација во агенција,плаќање во автобус)
- влезници за културно – историски знаменитости
Т. А. БРАН ви се заблагодарува на довербата.
За овај аранжман важат општите услови за патување на Т. А. Бран.


