Шопинг и БОЖИЌЕН МАРКЕТ во Тирана
14.12.2025
Поаѓање пред агенција во 05.00 часот со автобус, за Албанија преку Струга на г. п. Ќафасан. Пристигнување во ТИРАНА во утринските часови, посета на трговскиот шопинг центар ТЕГ (2 часа ). Потоа се оди во центарот на градот каде ќе се видат знаменитостите на градот: плоштадот и споменикот на Скендербег, Парламентот, Комплексот на Саат кулата и Хаџи Едем Беј џамија од 18 – ти век,зградите на Националниот историски музеј, како и Археолошкиот и Природонаучниот музеј, Националниот театар и театарот за опера и балет… Слободно време за уживање во убавините на Божиќните украси на плоштадот Скендер Бег. Околу 17.0 часот заминување за Македонија, и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
Цена: 990 денари
Во цената е вклучено:
– автобуски превоз на дадената релација
– посета на знаменитостите на Тирана и шопинг центарот ТЕГ
– организација и придружник на патувањето.
Во цената не е вклучено:
– задолжително патничко здравствено осигурување 80 ден. до 65 години, 160 денари од 65-70 години, 400 ден 70+год
Напомена: може да се патува со пасош или лична карта.
Рок на пријавување до 11.12.2025 година
Збогатете ги вашите доживувања со едно ново патување.
За овој аранжман важат општите услови на патување на Т. А. БРАН и СКТМ


