ЛЕПТОКАРИЈА-ВИЛА ФИЛИПОС

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВИЛА ФИЛИПОС – ЛЕПТОКАРИЈА

Вила Филипос се наоѓа во непосредна близина на главната улица која од централниот дел на Лептокарија води до главното шеталиште и плашата на ова познато туристичко место. На оддалеченост од само педесетина метри од градската плажа, во нејзино опкружување се наоѓаат и мноштво продавници, ресторани, маркети и пекари потребни за организирање на соодветен летен пресој. Во состав на вилата се вбројуваат десетина студија за поединечен комфорен престој на 3 или 4 лица. Секоја единица е опремена со сопствена кујна, тоалет, тераса, како и ТВ и клима. Вилата е целосно реновирана во текот на 2020 година и е еден од најквалитетните објекти од нашата летна понуда за сместување во студија и апартмани во Грција.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025

Цените се дадени за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз)

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употреба на клима уред (ac+) во FILIPOS се доплатува во објектот (7 €/на ден, каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 2 € (се плаќа во објектот).

** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот. Задолжително е патничко осигурување

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена за превоз: 2600 ден. повратен билет. За деца до 14 год 1800 ден
Автобуски превоз: 
05:00 ч, Прилеп – Лептокарија  Враќање: 13:00 ч. по локално време
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 
1 ден:       Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент.
2 – 7 ден: Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции, екскурзии  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден:    Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот
за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
– 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
– 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.


ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Приземје:
– Студио бр.1, тип 1/2+ехb (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm). Поглед кон улица, задна страна.
– Студио бр.2, тип 1/2+ехb (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm) Поглед кон соседна вила
– Студио бр.3, тип 1/2+ехb (еден брачен кревет со ширина 130 cm и еден единечен кревет 100 cm) Поглед кон улица, кон задна страна.
– Студио бр.4, тип 1/2+ехb Long Balcony (еден брачен кревет со ширина 125 cm и еден единечен кревет 100 cm) Поглед кон соседна вила
– Студио бр.5, тип 1/2+ ехb Long Balcony (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm) Поглед кон соседна вила, предна страна.
– Студио бр.6, тип 1/2+ ехb Long Balcony (еден брачен кревет со ширина 150 cm и еден единечен кревет 90 cm) Поглед кон соседна вила, предна страна.Сите студија се на приземје и опремени со кујна со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висечки елемент над кујна и под кујна и се опремени со LCD TV и  клима, маса и столчиња, ( соодветно на бројот на кревети). Прозорот е од балконската врата, нема комарник, но има ролетна, тенда и завеса.  Тоалетот е со туш директно на плочки, вентилација или прозор во самиот тоалет.

Останати Понуди