ХАНИОТИ-HOTEL OLYMPIC KOSMAS***

Сподели :

Facebook
Twitter
LinkedIn

HOTEL OLYMPIC KOSMAS***- Ханиоти

Локација: Хотелот се наоѓа на 500 метри од центарот на Ханиоти и оддалечен е околу 7 минути одење од плажа.
Сместување: Двокреветни и трокреветни соби, опремени со сопствен тоалет, клима, ТВ, фрижидер и фен. Чистење на собите според политиката на хотелот.
Содржини: Ресторан, базен, бар покрај базенот, сеф… Паркирање е можно на улицата пред хотелот.

ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
-10% за рани резервации до 31.01.2025

Цените се дадени по лице во соба (за мин. 2 возрасни лица во соба) за 7 ноќевања со појадок или појадок и вечера (без превоз).

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во хотел за 7 или 2 ноќевања со појадок или појадок и вечера (без превоз).
* Користење на клима уред во месеците Јули и Август.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Туристичка такса од 5€ на ден по соба се плаќа на рецепција по пристигнување (check in) во објектот.
* Задолжително е патничко осигурување
* Услуги како користење лежалки и чадори на плажа итн. не се вклучени во цена.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 
1 ден:  Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент или советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.
2 – 7 ден:  Престој во објектот со избраната услуга за аранжманот. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден:  Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (МИНИБУС):

Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR ( 35 EUR за деца 2-11.99г.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во  06:00 ч.  (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во  06:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во  07:00 ч.  (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во  07:30 ч.  (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во  08:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.

– Превозот со автобус/минибус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

Услови на плаќање 
Во зависност од видот и условите на понудата, соодветните цени и терминот на резервација, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со попуст (рана уплата – EB):
– Попустот за рана резервација важи за ограничен број на соби, до датумот објавен во табелата или до повлекување на понудата!
– При резервација e потребна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот-резервацијата.
– Доплатата на вкупниот износ од договорената цена, се врши до 3 недели пред датумот на патување.
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

НАПОМЕНА: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
Корисни информации 
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и  одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековната достапност на собите (генерално  сместувањето се врши  по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.  Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Чистењето на собите, менување на постелнина и крпи (пешкири) се врши на денот на превземање на собата или секој седми ден.
* За сите прашања во врска со сместувањето, одржувањето и функционалноста на опремата во собите, клиентот ќе ги решава со рецепцијата на хотелот.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети,  третиот/четвртиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и   локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува
и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
* За секоја промена на веќе потврдена резервација во хотелите, се наплатува дополнителен манипулативен трошок од 15 € .
Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“!
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

Останати Понуди